Со стегнато срце и со мислата вратена кон тоа крваво време и кон овие момчиња и моми кои заборавени почиваат зад оваа `рѓосана бодликава жица, што е како единствено споменично обележје, еден по еден, низ оградата нежно ги спуштаме свежите каранфили, а потоа ја раскопуваме земјата, ја собираме купче и во него набодуваме свеќи и, клечејќи, ги запалуваме... да има малку светлина за душите на тие кои се фрлени во бездната на заборавот...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
И Мајка стигна да го поздрави, в рака со букет свежи каранфили и трендафили набрани утрото за да ги стави во вазничката врз работната маса на чардакот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)