Одвај забележливо, полецка, со лесните повеви на разиграното лисје и нискиот лет на птиците, во котлинката се спушта свежа и лесна шумскопланинска квечерина. Надоаѓа лазурно-розова, шареникаво-сина, питома и тажна.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Камените плочи во дворот беа мокри, како штотуку измиени и му се чинеше како и небото да е измиено, толку свежа и бледа беше синевината меѓу оџаците.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И после толку многу години талкање и осаменост се појави од некаде, затскриена, уникатна, комплексна, енигматска, екстравагантна, филозофска, авангардна, искрена, сензибилна, шармантна, со целата своја гламурозност и раскошност воскресна „големата слика на љубовта“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Во свежите и остри утра и уште постудените ноќи сјајот во едни веќе далечни очи ме запозна со топлата страна на студот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Наместо тоа изгледаше свежа и блескава, како сега да си ја сменила старата кожа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Се воодушевувам и од Мадона, но повеќе ме возбудува како личност. Нејзиниот карактер. Носител на модните идеи. Свежа и предобра за да остане незабележана.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ти си сѐ така свежа и ниедна брчка по лицето не ја издава опасноста што те демне.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Два дена само минаа откако тој го отпочна тоа необично и безумно дело и Ана пристигна, жедна за милувки и за исповеди, свежа и малку тажна, но детински радосна и брборлива во своите изливи.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
13. НОВ БУНАР КОПАЈ, ВО СТАРИОТ НЕ ПЛУКАЈ - зашто и водите подземни скршнуваат патем, не се знае на каков истек ќе наидеш тука - еднипати свеж и бистар, другипати матен...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Таа мисли дека цела ноќ не ги затворила очите, ама малку и се сомнева во тоа оти во свежото утро измиено од ноќниот дожд се разбудува свежа и со некоја жудна радост, нешто слично како што изгледаат цвеќињата на мајка Перса од двете страни на патеката.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Низ отворените прозорци откај планината вееше свеж и мирислив здив.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Таа потреба се должи на неколку факти: - прво, на фактот дека расказот е книжевен вид во којшто се отсликуваат моќни и заводливи слики на светот; - второ, расказот е простор на свежи и живописни слики на современиот свет, па поради тоа е актуелен и алузивен, некогаш хумористичен и ироничен; - трето, расказот како жанр, стилски и јазично, е отворен за уметничко играње со сеќавањата, со имагинацијата и со мечтата на човекот (фантастични, чудесни и лудистички раскази); - четврто, расказот е облик податлив за различни и за широки читателски популации, затоа што од една книга на добри и одбрани куси раскази не се очекува да биде прочитана одеднаш како неделива целина, туку со паузи, а од секој расказ се очекува да биде прочитан во еден здив, со читателска страст и сласт; - и конечно, расказот како книжевен вид е сензибилен на промените во општествената/културната стварност, што влијае и самиот расказ да биде променлив по форма и по значење, потем да се популаризира во нови средини и меѓу новите генерации.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Тоа беше пред четириесет години и сѐ беше свежо и ново.“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Некои денови работата беше прекрасна зашто си надвор, а воздухот е свеж и студен.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Еден миг подоцна, телото беше цврсто сошиено, засеците беа покриени со восок, излекувани околу вратот и грлото и по черепот — совршено, свежо и ново.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)