Јас не знам каде сте сега и дали сте здрави и живи, но светлите ликови ваши зрачат од зад превези сиви.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Задоволен е како да го исполнил заветот на татковците од монастирлитската синагога во Њујорк, чувствувајќи дека и со овој настап им се доближува на светлите ликови на монастирлитските рабини. И така, стоејќи блажено на улицата и ведро исправајќи и раздвижувајќи ја здрвената кичма, допушта да го гали пладневното сонце.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)