Кога весело викаа: „Бабо, бабооо! Ајде, дај ми од она нашето.“ - А баба Ѓурѓа знаеше дека е тоа парче сомун намачкан со свинска маст и посолено со црвен пипер. Тоа беше нивната гозба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Приготвувачите на нејзината духовна храна, ќе ги дарува со чинови што во секојдневната исхраната ја имаат лебот, солта и свинската маст.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
А тука, уште во подготовката, секоја етапа е преполна со впиени слики: месарот што во бела престилка го мерка рибичот кај кичмата, па вели – „земете го подобро, газда Павле, бутот, преседен е само ноќ“; потоа, месењето леб „на помеко“, со топчиња тесто што дебелички и масни се распоредуваат по обелената површина на масата, за повторно да се спојат во сладострасна, леплива прегратка; додека тестото стасува, месото, во коцки, се брашни со црн пипер, црвен пипер, сол; Потоа боцкањето – топејќи ги прстите, дедо во тестото, сјајно од свинска маст, издлабува кратерчиња за да го смести месото; потоа, на тепсија, во рерната, пастрамајлијата се крчка, бабри, воздивнува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)