Попот (да не остане со неспомнато име и презиме -Георги Тушев) не беше во Кукулино неколку дни и се врати, рекоа во дебарска бања, блед, со стуткана брада, првпат во својот четириесет годишен живот сличен на шумски посник што клечи на камен и со склопени очи се мачи да ги досогледа тајните на светот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
И покрај искреното жалење на мајка си, Агата Голдблум и во својата четириесет и седма година остана имено госпоѓица. Во административниот дел на Центарот, ја пронаоѓам вратата и застанувам пред неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)