Според Бојс, виталната топлина, инхерентно духовна, била извор на полноти јата на телесното и духовното постоење.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
За да ѝ се врати мора да стане полн во своето битие, да го запознае рајското доживување на полнотија кое не го запознал во детството, иако несомнено го оживеал како продуктивен уметник.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Па сепак страдал од длабоко чувство на внатрешна лишеност, неприсутност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Со целото свое битие чувствуваме дека уметноста на нашето време веќе не е во надлежност на какви било компетентни лица или организации, какви било ограничени дискурси.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Ниедна наредна љубов нема да биде налик на тој порив на копнежи чии извор е божественото срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Само еднаш, искрено со целото свое битие, со силата на чувствата човекот сака.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Проблемите на нејзиното карактеристично негување на чувството на вина, нејзината неинтегрираност, природата на нејзиниот систем на лажно јас и нејзината немоќ да го издиференцира своето битие од битијата на другите, беа тесно поврзани.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Едноставно чувствував со целото свое битие и сега, дека не би можело да биде поинаку, па макар и двете да останевме под урнатините на куќата.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Таа си дозволи сама да се убеди во тоа и го охрабри тоа верување да се всели и да расне во нејзините мисли, зашто со целото свое битие гореше од желба да го отфрли постоењето на змијата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Зјапаше во своето напнато лице, во стеснетите очи, во огледалото го гледаше тлеењето на своето битие.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не знаеше кога и како почнал да ја љуби Македонија со сето свое битие – како и сите што ги знаеше, тој дома не чуваше знаме, немаше некое посебно чувство на државните празници, ниту пак го знаеше целиот текст на химната.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Долго време, некаде длабоко, со целото свое битие, бегаше од нив. Се бранеше.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Токму оваа девијантна ориентација на субјективитетот на инвертитот лекарите ја сметале за медицински проблематична – „чувството да се биде отуѓен, со сето свое битие, од сопствениот пол“, како што бележито го срочил тоа Вестфал во една белешка кон својот напис од 1869 година.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бев амбасадор на Палестина во Тунис, на државата која не постоеше, акредитиран од земјата која малку време по крајот на мојот мандат нема да постои!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јасер Арафат се бореше со сето свое битие, со сите политички средства да ја фиксира државата Палестина на окупираните територии, додека Махмуд Дарвиш ќе ја создава Палестина во својата поезија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Еве неколку фрази што требаше да ги напишам деновиве, но немав време, инаку под влијание на еден безгрижен Џек кој знае зошто егзистира Овде, ја знае ништожноста на своето битие, и ги одбира двете варијанти што во случајов (негов или мој) би биле (или се) најдобри(?) На човек кој излегол од затвор подарено му е правото да живее.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Духовно труејќи го своето битие, тие повеќе се оддалечуваат по погрешни понагала, методи, како што е уцената, или посредства што сами ги измислуваат.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Со сето свое битие посака да е таму, во тој прекрасен пејсаж, да, така велеше професорот по ликовно: - Пејсажот треба да го почувствувате, па дури потоа треба да го излеете во акварел...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Кога Татко ја откри претпоставената вистина за патот на јагулите и за нивното враќање низ новите генерации, тој добиваше дополнителни сили, од длабината на своето битие, да истрае во големата битка со егзилот, да издржи во минувањето низ сите негови пеколни кругови, во потрага на рајот на враќањето.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во длабините на своето битие не престануваше да го разбира и сака својот човек, да ја споделува со него и последната надеж за среќниот излез.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
И затоа, Мајка, со сите напори на своето битие, настојуваше да се сети на сите поединости од своите две најзначајни патувања, пред конечниот егзил во Југославија, едното патување збиднато во Солун, во 1917, и другото, во 1939 година, во Италија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)