Еднаш ќе исчезнам во сенките на твојата пена Ќе се вратиме во коренот на големата билка Има цутови загубени огнови на летните ноќи трагачи на добрата утока на утрото Има цутови одвај исправени над своите болести.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Но јас, во својата болест (навистина мислам дека тој месец се наоѓав во еден вид бунило), што денес ја нарекувам поленово лудило (беше пролет и многу полен имаше во воздухот, и целиот свет зуеше како кошница), напишав петнаесет песни за Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дури и сега, јас сум сосем свесен за тоа, ти се држиш за својата болест, верувајќи дека таа е доблест.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Неговиот дух се грчеше во школката на материјата и молеше, неговиот иследник биеше-одговори, постави дијагноза на својата болест, распори се сам со скалпел како што е распорен човекот на Рембрантовата слика.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тој ме застрашуваше дека ќе ме повределе со својата груба душа, ама јас не се обѕирав на тоа, пред мене тие ги исцелуваа своите болести, не беше тој во право, и немтурите се насмевнуваа пред мојата озареност.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Својата болест вешто ја криеше сѐ до породувањето во Вршац.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Околу нас луѓето достоинствено ги тротоаризираат своите болести: асфалтна болест, алергија на чисто, провинциски синдром...
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Самата уметничка го возеше нивното комби, како што редовно правеше есенва, освен за локалните излегувања; Френк е мошне ослабнат поради својата болест, задоцнето дијагностицирана (поради неговото одолговлекување) како рак на панкреас кој веќе метастазирал.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)