Тогаш таа трагаше по последниот можен релеј до своите, преку својот братучед Фетхи-беј Окијар, тогаш амбасадор во Лондон, со цел да го префрли својот постар син повторно во Цариград, а потоа и помладиот син и ќерките.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Го „суредија" чорбаџијата Стевана од Крушевица и поп Ристета од Чаништа, па потоа ги положија и своите глави.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Се наведе и втор камен да земе, но Боше коџабашијата не му даде тоа да го стори. Co светкавична брзина го јавна одѕади, го стисна со двете раце за врат и го удави како волк јагне. Co ова братучедот Боше го освети својот братучед Велјана, помалиот Толев син, на кого Суљочауш му ја столчи главата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тој беше нестрплив да ја види својата Гица, најубава девојка во селото, а мене ми вети дека таму ќе ми најде непремено љубовница, ако ништо друго - ќе ми нареди работа со некоја од своите братучеди.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кон крајот на романот, ќе биде регистриран еден детаљ, којшто можеби немал такви претензии, но ќе ги надвјаса највисоките човекови доблести и тоа во едни времиња и простори преполни со црнила: „Шишман, седнат над еден камен покрај својот братучед Србо, а некаде меѓу езерото и Пелистер, ја извади матарката од појасот и со ножот почнува да гребе по задлабената страна.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Високите лилјани во саксиите се вразни лабаво со зелен канап.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
„Let the fairest room above be placed in the very midst of the house, as the bulk of a man is between his members…“, му пишува во 1650 Роџер Парт на својот братучед, сер Џорџ, во Колсил, Оксфордшир.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во филмот „Растејќи со тревите” се појавува на тринаесет години и со тоа ја добива првата номинација за „Оскар”.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
На десет години се појавува како водителка на една детска програма заедно со својот братучед Александар (Саше), кој подоцна ќе биде продуцент на нејзиното прво режисерско деби.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Оној ги насобра околу себе сите свои братучеди и ги направи бригадири, секретари, книговодители, магационери и членови на комитетот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Најпосле, меѓу своите братучеди и чичковци ни Претседателот не можеше да изнајде погоден човек за тоа место, а беше добро и заради светот еден од бригадирите да не биде од неговата порода, тоа Претседателот го знаеше многу добро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се сеќаваше баба на својот братучед уште од годините на детството и младоста кога Али Фетхи идеше во валијската куќа пред да заминат нејзините во Турција.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)