Копитата тапкани едно врз друго и во круг имаат своја геомертија, своепаметење, свој ветар, тоа не се траги на крупни и гледани коњи, тоа не е кас на римски освојувачи, на крстоносци, на ислами со бајраци и полумесечини; тоа се траги на боди и непотковани копита на наши коњи и крај нив траги од непорочен допир на човечкото месо и земја: тоа се босите нозе на мојот народ.
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)