На природата, велеше не ѝ е важна должината на живеењето, нејзе ѝ е важно: секое суштество да остави потомство, да го продолжи својот вид, својата репродукција.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
** Самоуверените поединци на киберплемето нарекувани се слободњаци, самураи, слободни стрелци, самостојци, неконформисти, чудаци, проблематични, ексцентрици, визионери, иконокласти, бунтовници, занесувачи, осаменици, швркнати.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Целото движење на музичката модерна во првата половина на овој век е одредено со напорот звучниот материјал што попотполно и подобро да се контролира во сите свои видови, на што посебен печат дадоа додекафонските дела на Арнолд Шенберг, класични во својата строгост.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Се удрил со тупаница по крвавата празнина во устата за да не зареве со грло на млад волк кој не ја проколнува сегашнината туку со сиот бес на својот вид ѝ се заканува на иднината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога се завртел ја видел како стои со спуштени раце, чиниш е во исчекување да се врати и да ја поведе со себе кон заедничка неизвесност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
По сопствената верзија на митот (неавторизирана), Прометеј ја употребува својата вештина за да ја избегне пропаста на својот вид, присвојувајќи го за себе кремот од генскиот пул.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)