свој (прид.) - врсник (имн.)

Изгледа дека се спокојни само децата кои , по дебелиот снежен килим на софиските улици и паркови, без прекин се санкаат, се валкаат, прават снежни топки и со нив фрлаат по своите врсници.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потоа пробуричка во шупата, додека на една греда не ја најде старата раница со која стариот одеше на редовни излети со своите врсници, а на друга страна обесени на сопствените вкрстени врвки скоравените војнички цокули со очувани пенчиња ама испаднати клинци, како едниствен трофеен плен од поразената кралска војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но, и за мене неочекувано, јас навистина созревав создавајќи полека однос спрема своите врсници и спрема сите сиви луѓе од улицата.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Била бремена кога таа и сопругот добиле известување дека ќе бидат транспортирани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се вљубила во свој врсник веднаш по завршувањето на гимназијата, се венчале неколку години подоцна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го носеше по доктори болникавиот Густав, синот на кројачката Елза; го чуваше Густав на болникавата продавачка Хана, секогаш кога таа ќе се разболеше; трчаше во Централниот виенски затвор за да моли да биде ослободен најстариот од четиринаесетте Густави, откако во тепачка ранил со нож свој врсник.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еднаш месечно од својот брат ќе земеше пари кои беа потребни за издржување на неговите синови, па им ги даваше на нивните мајки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Честопати, мајка ми во разговорот со некои од своите врснички ќе кажеше: „Мирничко се погоди детето.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Понекогаш жените на каменоделците доаѓале до пештерите со леб и вода - премногу било да се гладува до стемнување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Барем ти спаси се од одмаздата што ќе дојде утре. Патувај, младоста е иднина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа луѓето со завист го гледале пресреќниот Доце Срменков кога отишол да се проубави со чиста кошула позната по многуте везови од дните на неговата младост кога Фиданка Кукникова се тркалала со своите врснички в прав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓутоа; како сенка зад сенката на својот врсник стоела немата девојка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дојди, ќе се напиеме ракија. - Ќе се напиеме. И не заборавај: оџакот навистина испукал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И самиот се молел со нејасни зборови за своите врсници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со поглед го барала својот врсник Лозан Перуника - тие веќе не биле пред неа, испариле под насилие на секојдневните промени во тој блед и магловиден заод со сенки слични на разводенета 'рѓа меѓу реткото зеленило на сувата плазика, непривлечна земја ни за орачи ни за грабачи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Лозан Перуника можел да види во пештерите свои врсници, дури и помлади.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тука нивните синови биле заклани, тука ги закопале за да останат под закрила на светецот лесновски. Стоел и гледал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со свој јазик им кажала што видела и бездруго мислела дека тие знаат колку што знае и таа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но не само телото, туку и со умот Виктор беше скалило над своите врсници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На ова, кога ќе се додаде ораторството и поетскиот порив, Ивона беше секогаш чекор пред своите врсници.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Затоа, уште многу порано од своите врсници беше вклучен во планинарскиот сојуз.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Иако е свесен за човековата потреба да си го идеализира, разубавува и менува минатото, авторот на Филтер Југославија до ден денешен го памети вкусот на жолтите банани и редовно евоцира спомени за истите со своите врсници.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе заради мене.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ване, како и многу други што ги знаев, разговараше со децата како со свои врсници и за чудо од нив не криеше ништо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш Аким шикај му рече на својот врсник да дојде со него, време му е, достатно му се нашол на светот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дури кога нозете почнаа да го болат отиде и седна на дабов триножец во калуѓерската ќелија, со занес барајќи низ пукнатината на иконата лица и настани: го виде синиот Парамон, фатен во повити на шума со голијатски стебла на чии гранки клечат мешлести човечиња со кучешки муцки, и ја виде внуката со дете на цицка, незрело девојчиште а наскоро по вторпат мајка без маж, и го виде Марко Проказник, некогаш власт во Кукулино, потоа иселеник, и ги виде своите врсници со свеќа над глава.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе поради мене. Не сакав да живеам во него уште еднаш и ( не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно и каде) не ти реков ни збогум.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Едниот беше висок колку што ќе бев јас ако му стоев на глава на некој свој врсник.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Никогаш не сме симнале роб од дрво.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Често, среде игра со своите врсници, во најголемиот занес ќе застанел и, како вкопан, се загледувал во сонцето што заоѓа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Го повика во палатата претседателот на Парламентот, својот врсник, и соучесник во главните битки за независност на Тунис, познатиот туниски писател Махмуд Месади.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така би можеле парализираните деца да играат фудбал со своите врсници.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Толку смеев да дознаам пред да заминат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Заедно со своите врсници.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Живееше со своите врсници – дечињата што ја прелистуваа сликовницата која се пренесуваше генерациски во семејството.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- Александар (кон своите врсници): Другари Македонци мои, ме плаши помислата ако татко ми по толку битки ми земе сè: сите победи - што ќе остане за мене, какви дела ќе извршувам јас?
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Најубаво е облечена од сите свои врснички.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)