Штом слушаше ти за неговото убиство, твојот поглед пламнуваше а ужас; и, вцрвен од лутина, клетва ти даде во својот гнев - дека одмазда ружаш.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
— Е, коџабаши? Бидна овој работа, а? Како излезе? — почна Арслан да го праша Трајка од кого пред тричетири дена подразбра и се спреми да го дочека нападот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Терајудри, аскерот им ги дотера овие луѓе на мудурот пред конакот и јузбашијата си го излеа својот гнев прв на нив, удирајќи им и тој по десетина грбачи преку очи и плеќи, та во тој бес не го заштеди ни самиот коџабашија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Луѓето се збија исплашени сосем до ѕидот и Стојан Пискулиев остана сам на средина, повргнат в прав и скоро прегазен од страшната сила што ги истури својот гнев над него.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- Сега, кога беше посигурна дека е подалеку од дофатот на Младен, на Ружа ѝ се укажа можност да го истури целиот свој гнев.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Локвата крв на белата постелнина беше сведок за дивјачката бруталност на Ѓорѓе кој на овој начин го изразуваше својот гнев.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Оти кажано е: полесно е да победиш царства, одошто својот гнев.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И многу јунаци, победувајќи царства, станувале слуги на својот гнев.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Место сето тоа ти, застанат така пред жената и со оние тројца мајстори, што ти дишеа во вратот, пред жената, целата раздрохтавена како пауница од задружната благота, не можеше да смислиш ништо друго, освен да ги требиш сламките од засушениот малтер на чекичот во твоите раце, дури не ти притекна онаа мудрост, која успеа да ја протепкавиш во неколкуте збора, што ги исцеди од својот гнев како мајчиното млеко:
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ракија, збратимување, пак сомневања. Некои од дружината можеле да поскокаат и да го растргнат човекот со креста и во мантија под износениот кожув.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како да бил црна и злокобна птица со крвав клун. Се кревале, раснеле врз темелот на својот гнев.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Својот гнев и бес го истураа на фатените селани по блиските села и колиби на старците што останаа надвор од тврдината.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)