Објава
повеќе драми се случуваат
во мигот на обраќање
зборовите ги одгледавте
но срцето
неприпитомливо
интимно
тера по свое
граѓани
час е кога мораме
да погледнеме
во мисловните спреги
од нив зависи
тежината на зборот
климата на подрачјето на душата
обновата на смислата
младоста
граѓани
час е да се свртиме
еден спроти друг
со силата на љубовта
во име на огнот
допуштам да се размножува
симболиката
на Дрвото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И ние сметаме дека личните и политичките права се многу важни за обезбедувањето на живот достоен за човекот и ги осудуваме сите власти, десни и леви, кои ги кршат личните и политичките права на своите граѓани.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Делумна причина за тоа беше што ниту една влада во минатото немаше начин да ги држи своите граѓани под надзор.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)