Па, сепак, ме забавува мислата како братучед ми Герман ќе им се фали на луѓето со својата досетливост иако тоа е моја досетка и којзнае дали таа досетка би станала и негова досетка.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Во повеќе случаи земјата може да ги претстави како “национални фигури” уметниците кои некогаш ги сметала за “несакани туѓинци” - луѓето кои ја искористиле својата досетливост дури и за да си обезбедат место за живеење.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Па ете, овде значи, мојата посета е завршена, повторно без потреба ме намачија; на тоа се навикнав; со помош на мојот ноќен ѕвонец ме мачи целата околија, но овојпат морав да ја жртвувам и Роза, таа убава девојка, која години и години живее во мојата куќа, а јас не сум ја ни забележал, – ова е веќе преголема жртва и јас морам да ја соберам сета своја досетливост за да пронајдам некакви остроумни објаснувања за да не го нападнам ова семејство, кое дури ни со најдобра волја не може да ми ја врати Роза.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Розова, со многу нијанси, во длабочината темна, а по рабовите станувајќи сè посветла, нежно зрнеста, со нерамномерно засирена крв, отворена како надземен рудник.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)