Енценсбергеровиот урамнотежен резон ни делува како инверзивно ехо на онаа инцестуозна дијалектика на доброто и злото, која веќе одамна е докрајчена во заемна рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Можеби излезот е, додаваме, на некоја трета страна, која парадигматично ја сугерираше Адорно: „Осаменоста е единствен начин на кој интелектуалецот може да го зачува своето достоинство“.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тие не можеа да разберат дека не постојат графи кои ќе ја заробат хуманоста и желбата да им се помогне на оние кои работат за да преживеат, скршени во своето достоинство.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ме убиваше нивното лицемерие, бидејќи во секојдневната работа, во тој сложен и необјаснив сплет од околности и соодноси, сите ние се проституиравме на различни начини.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тие не можеа да разберат дека не постојат графи кои ќе ја заробат хуманоста и желбата да им се помогне на оние кои работат за да преживеат, скршени во своето достоинство.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Сите, најмногу го почитувавме Борис Сарафов за оној гест што тој го стори пред конгресот на Врховниот комитет, кога му побараа отчет и тој не можеше да даде таков за сумата дадена на гемиџиите и, за да не пропадне делото ако тој ја каже вистината и неа ја разбере турската влада, Борис Сарафов го понижи своето достоинство и авторитет и изјави: „Таа сума ми беше дигната од една лесна жена, со која имав интимни врски“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа што Шатев така убаво напишал за “понижување на своето достоинство“ од страна на Сарафов, не може да биде потврдено.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тој е жив и судник им е на грешните, од неговите душмани не останало ни ковче на земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Повторно вратен кон своето достоинство, жеден за ракија но не толку алчен колку уверен дека загосподарува, не чекал да му ја подадат полната карта; им ја грабал од раце и пиел со свртени очи кон небото.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Зашто, штом човек заборава се, нема свое достоинство, а народ што нема спомени, полека овенува и умира... Умира, Нумо, умира...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Не сакам да гледам, не сакам да слушам, ниту пак сакам да видам трага, од некој кој своето достоинство и пријателство го продал за стуткана пара, која само му е драга.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Со оние што викаат најчесто не можеме да се разбереме, зашто секој човек има свое достоинство и не поднесува некој да му “соли памет“, па со право одбегнуваме, да ги слушаме таквите викачи.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)