свој (прид.) - занает (имн.)

Но по тоа се случи Втората светска војна, окупацијата на Франција, слободата, но букинистите никогаш не го прекинуваа својот занает.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По средниот век речиси и не постоел некој период во кој писателите толку се гордееле околу профинетоста на својот занает.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Да се стави зборот во владение, треба да бидеш мајстор на својот занает.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Зар тој не се гордееше секогаш со својот занает?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Како веќе да му се имаше вратено на својот занает, како веќе да пишуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лулупешку е мајстор на својот занает.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Татко ми во неделите приватно го практикува својот занает крај неа оти во чело на ѕидот има големо огледало, а и заради посебната столица, дрвена се разбира, која повеќе наликчува на берберска фотелја отколку на столица: широка, со дрвени потпирачи за рацете и задна потпорка во која убаво легнува грбот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Парацелзус ја зеде розата и, зборувајќи, си играше со неа. – Лековерен си – рече. – Велиш дека сум способен да ја уништам? – Никој не е неспособен да ја уништи – рече ученикот. – Се лажеш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Момчакот ја крена розата угоре. – Велат, – рече – можеш да изгориш роза и да направиш да се крене од пепелта, со својот занает.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)