Овие му раскажаа сѐ потенко, кадијата ги пофали и богато ги награди од своја страна, напиша уште истиот ден писмо за скопскиот беглер-бег и го испрати, па се прибра вечерта во конакот да им раскаже на Ајша и каданите за повторното Анѓино ропство, а сужните ги затвори во својот затвор и ги држеше ни помалку, ни повеќе – токму три месеци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)