Секогаш уживаше во своето здравје и во својата сила, во својата љубов за работата, во задоволството што доаѓаше од чесното работење.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Потсвеста ја смислил творецот за да постои нешто што ќе те збунува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Иако еден од суштествените совети на доктор Пачев гласеше: Ако држиш до своето здравје па дури и до разумноста заборави ја проклетата потсвест.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Ние сакаме своето здравје да го загрозиме и човековата околина да ја загадиме.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
А во него, детенце, постоеше и една игра за тоа дека сонцето во нив е еден разигран и разбеснет лав, со сето свое здравје околу нивното градилиште, што одѕвиваше од смеење.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Подоцна научи за светите египетски скарабеи и за нилските крокодили, за амајлиската моќ на бубачките и саламандрите, за тоа како човекот од примитивните времиња, од бронза, злато и сребро и од скапоцни камења, моделирал слики на овие суштества за да ги носи на вратот или на глуждот, како заштитници на своето здравје и својата среќа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не се плашеше за своето здравје, се исплаши од својата потсвест, која одвреме навреме и велеше: убиец, убиец.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)