Надвор беше сач. Августовското сонце беше во својот зенит и сипеше жар од небото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сите следни денови, кога летото беше веќе во својот зенит, притиснат од сè наоколу врело, се борев со потребата да го раскопам оној гроб, да го дознам и она што, можеби, е подобро да не се знае.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во музичка смисла, всушност во контекстот на Rock сцената, grunge- от својот зенит го доживеа 1992, кога дефинитивно ја прерасна својата алтернативна позиција.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Може ли да биде во часот кога сонцето го има својот зенит или да го запрам во времето на најубавото што во христијанството им се случило на безгрешните и овие другите, кога воскреснува најсветлото.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Утредента, додека сонцето се качуваше кон својот зенит, Тинка, ќерка Парамонова и внука Богданова, го најде недоистинат и без грч на лицето.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)