Со извесност можеме да претпоставиме дека Понтормо, како Леонардо и Микеланџело, својот идеал го наоѓал во сликата на платонскиот и не само платонскиот ефеб.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но никако да стигне на време до својот идеал, до импресионизмот на живите париски сликари.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Човекот којшто сега пред него ги погребуваше своите идеали, и за кои што очигледно уште беше подготвен да се бори, едноставно го фасцинира со неговите погледи и идеи.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
ЛУКОВ: Веројатно, додека го пишувал... мислел дека со ова парче хартија ќе го потресе светот и ќе го присили да му одговори на прашањето: „Како е можно човек што сиот живот го следел својот идеал, да стигне до тоа да стане убиец на тој ист идеал?“
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Тоа се должи на фактот, според Сјоран, што човекот се впуштил во авантура, надвор од своите инстинкти, па затоа секогаш завршува во лавиринт.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Така, критичарите наоѓајќи го својот идеал во текстот без текст, ќе останаа без глас, но и без себе.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Заглибувајќи во својот идеал човекот се изгубил во сопствената игра, па сакајќи да се надмине се скаменува во недвижење.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)