И сега, когасоеден од помалите краци на неговиот вечен Балкан-експрес на постојаното бегство, се доближуваше до Битола, Татко имаше чувство како да се доближува до самото цариградско, отоманско време, кога засекогаш се збогува со својата иднина во Ататуркова Турција.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Чекореше и ги броеше чекорите еден, два, три, четири и пак едно, две, три, четири... и го знаеше својот почеток но не можеше да ја наслути својата иднина, својот крај, дури ни својот утрешен ден.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Луција имаше право: јас сум можел уште тогаш да ја обезбедам својата иднина, со едно просто потпишување на текст што друг ми го составил; требаше само да станам дел од едно колективно, врвно јас – и сѐ ќе беше како треба. Вака, меѓутоа, јас бев на полпат.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Вечерта Марија го прекори: „Доста е. Треба да мислиш на својата иднина.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ноќеска повторно го сонував оној сон, но наместо она физичко чувство на ужас што го доживеав првиот пат, а какво што никогаш несум доживеала на јаве, овој пат имав некакво интензивно, мачно, скоро сладострасно чувство на ученик кој е фатен дека не ја научил лекцијата за која јасно му било речено дека мора да ја совлада ако држи до својата иднина.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Најпосле, треба да прифатиме дека уметноста во модерното општество е поле што изумира и кое нема своја иднина.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Пред повеќе од десет години, кога земјите на Европската заедница продолжуваа со повеќе или со помалку среќа да си ја обезбедуваат својата иднина во мир и во просперитет, започнуваше с повеќе и повеќе да преовладува немир сосем близу до нас, на Балканот, каде што првин започна земјата да ја обзема вознемиреност, потоа да доживее силни потреси и на крајот област по област, цели региони да се најдат во рламен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но тоа е помалку значајно, битно беше воодушевувањето и восхитот што ме обземаа од ден на ден од еден опишан лик во книгите, таткото на авторот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Да се сонува за својата иднина во чудесниот пејзаж може да се смета и за извесна привилегија, но всушност тоа не е толку сигурно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Смислував пеколни планови за својата иднина, утешувајќи се на тој начин.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Тоа е веќе едно ново време, време кога и конференциите и Месната и Тацко Настејчин и малите селски агитатори наеднаш како да потемнеле, заостанале зад животот кој навлегол во нови колотечини, кога виталниот сој на жителите на Пасквел започнува масовно да ја напушта долината, не обѕрнувајќи се на минатото и итајќи кон својата иднина.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Земјата ја гледам, Интелектуалец јава на диви тараби, Нејќат да те гледаат и од облакот земам, во мала чаша 10 литри млеко, Како се прчиш по сѐ што сум тагувал човек без заби не јаде меко, Повраќаш и плукаш тука потреба немам. вистинско чудо, молва телевизори И ко бојлер брмчиш крши, И по небото шетам едномесечно бебе се храни со мрши, Док не зинеш и од облаците пасам. злобна тетка мие заби со метла, Нема да загинеш А доле е гласање, ајде влегувај народе да ја видиш Не, не, док не зинеш боже, јас нема да гласам, својата иднина светла.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Разговаравме така сѐ додека не почувствувавме дека очите ни се склопуваат од умор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш, двата пола на лудилото се пројавуваат кај иста личност: “Некои пациенти, откако се меланхолични, имаат напад на манија,” додека пак некој кој бил еуфоричен заради манијата, го обзема меланхолија, “станува, на крајот од нападот, изнемоштен, тажен, молчалив; се жали дека се плаши за својата иднина, чувствува засраменост.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
” Се враќаше во минатото, бегаше кон него, или трчаше по него мислејќи дека ќе ѝ побегне, онака како што некогаш бегаше од сегашноста во некоја своја иднина, во она што копнееше да се случи, во она што посакуваше да го направи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И потоа кругот одново ќе се сврти, во постојаната смена на меланхолијата и манијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)