Во својата информација до Министерството за надворешни работи на Велика Британија го нагласил уверувањето на Јосип Броз Тито со кое на командантите во Македонија “им се дадени нови инструкции да не прават понатамошни референции за Грција или за македонското прашање без да се консултираат со него“ а дека заштитата на југословенските интереси ќе биде поставена по редовен пат на мировна конференција по завршувањето на војната.297 Интересно е што во еден од извештаите се истакнува дека “АСНОМ и ОЗНА отворено истакнуваат дека тие го мразат присуството на сојузничките мисии во Македонија и ќе направат сé за да се ослободат од нив во првата прилика“.298 Имено на 10 декември 1944 година ГШ на НОВ и ПО на Македонија го известил ВШ на НОВ и ПО на Југославија за нивниот став сојузничките воени мисии да ја напуштат Македнија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Во својата информација до СО2 тој нагласил дека Михајлов никогаш не бил во Италија или во Албанија, а доколку бил во Германија, таму останал само неколку дена.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Со своите информации до штабот во Каиро и меѓусебната комуникација тие даваат целосна слика за настаните на територијата на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
На 13 јануари 1941 година Секцијата за Балканот при СОЕ го известила британскиот амбасадор во Бугарија, Рендел, дека Британците настојувале да воспостават контакт и со протогеровистичките елементи во Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)