Всушност, во оние ситуации, скаменет беше единствено Владимир, газдата на Боги, кој мртов-ладен си го сркаше своето кафе.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А, контрола немаш никаква. Ти само продолжи да си ги пиеш своите кафиња, да си пушиш цигари и да си пишуваш текстови.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Беше сигурно оти стариот Пико, во овие минути кога јас јурев по магистралниот пат напуштајќи ја Картагина, небаре во донкихотовска, дипломатска мисија, си го допиваше своето кафе во својата цветна градина, почнувајќи да чита нова книга, за која сигурно ќе ми раскажува, при наредната прошетка крај морето, а јас ќе му кажувам за своите дипломатски искушенија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)