свој (прид.) - колега (имн.)

Користејќи EEG од REM состојба на сон на своите колеги во светот на будните им праќаа пораки.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Обајцата развија метода за индуцирање на луцидност во соништата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И на крај, мора да го нотираме фактот дека овој случај е и пример за несолидарноста и неединството на работниците во борбата за своите права – бидејќи, обесхрабрувачки делува податокот дека скоро сите членови на ИО на синдикатот кај работодавачот, за време на дисциплинската постапка која се водеше против Марковски, дадоа изјави пред директорот насочени против својот колега и претседател!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Машаланов е за поздравување затоа што ги ох- рабрува големиот број „непријавени“ и неосигурени работници – кои, правно гледано, немаат склучено договори за вработување и поради тоа чувствуваат дека се наоѓаат во инфериорна позиција vis-à-vis своите „газди“, да си ги бараат своите права по и судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, исто така, ова е и пример за тоа како работодавачите, и по добиена пресуда, продолжуваат да го кршат законот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој денес не е член на ниту еден синдикат, но своето искуство го пренесува на другите свои колеги и познаници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, бидејќи таа не беше спроведена доброволно – во оставениот рок од осум дена по приемот – истата подоцна е извршена присилно, преку извршител (Ж.Пријевиќ) од банкарската сметка на компанијата, што секако дека работодавачот го чинеше значително поскапо, имајќи ги 290 предвид цените за награда на извршителите согласно Извршителската тарифа.8 ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гронинг беше многу критикуван од своите колеги, иако во голем број случаи не го заслужи тоа.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ги извести сите свои колеги, а овие направија заедничка постапка пред валијата и му ставија до знаење дека сите го делегираат италијанскиот свој колега да отиде на самото место и ја извиди работата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но оваа церемонија зазеде доста време, та конзулот тргна дури по полноќ, но сепак токму навреме стигна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Климент ја отвори вратата на својот колега од соседното село, малку изненаден од неговата посета.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Така, колку повеќе се отуѓуваше од своите колеги на работа што се придржуваа до востановената методологија во практиката и до малограѓанскиот начин на животот, Миха сѐ повеќе се доближуваше до шареновидниот и контроверзен свет на јавниот и културен живот, движејќи се во него како риба одгледана во аквариум, а пуштена во отворени води.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Свесен беше дека со тоа, а и со своето упорно практикување на новите пристапи во дијагностичката и тераписката практика сѐ повеќе се оддалечува од своите колеги, а пред сѐ од својот шеф, кои сите заедно не само што се каеја дарувајќи го со незаслужени титули и на тој начин го изедначиле да им биде (пак незаслужено) рамноправен, туку и сѐ погласно се обидуваа да го дискредитираат во лекарските кругови и да го прикажат како шарлатан од најдолен тип, кој со вербална вештина се претставува за она што не е.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го замислувам својот колега, западниот писател, како елегантен патник кој патува без багаж.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Понекогаш на овдешните собири се сретнувам со своите колеги, „источњаци“, EEW (East-Europian Writer), и гледам како се прилагодуваат кон однапред зададениот стереотип, како спремно дрдорат за censorship-от (иако самите не ја искусиле цензурата), како дрдорат за посткомунизмот, за секојдневието на својата тажна Источна Европа, како зборуваат за демократија и транзиција, како предлагаат мерки за излез од кризата (од национализам до агрикултура!), како спремно ги прифаќаат идентификациските етикети што ги носат како беџови, како се фаќаат едни за други - Русите за Унгарци, Унгарците за Чеси, Чесите за Полјаци, Полјаците за Романци, Романците за Бугари - како сите сложно да сакаат да ја откорнат таа голема и интересна посткомунистичка репка. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 159
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ги гледам своите колеги, тие испотени патници, како се борат со багажот: во секоја рака по неколку куфери, на лицето им ја читам подготвеноста да земат уште некој.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Премногу често, во дискусиите за својата работа, преведувачите ги избегнуваат анализите на нивните методи концентрирајќи се на изнесување на слабостите на другите свои колеги.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Господин Серафим Гроздановски му ја возврати посетата на својот колега Никола по повеќе од два месеци.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Се разбира, господинот Гроздановски не пропушти да му се пофали на својот колега и пријател со својата Британика, на што господин Гологанов, подвикнувајќи и шеговито рече: „Ти имаш енциклопедија, но јас имам куче!“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Човече, каква сјајна личност.”
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во рамките на една деценија по докторирањето во 1951 година, Фаерабенд ги запозна сите свои колеги непријатели на науката.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Иако тој прими некои аспекти од гледиштата на своите колеги, најпосле ги отфрли како премногу конзервативни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фаерабенд го запозна Кун откако премина на Беркли во 1959 година.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Застана и подигна муцка кон својот колега, чиниш му вели дека јабана е работата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Доктор Ауербах ги негирал претпоставките на своите колеги дека тагата на Рајнер делумно потекнува од тоа што неговите родители го добиле во поодмината возраст, и повеќе изгледаа како да му се баба и дедо отколку татко и мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Настаните од стварноста и од нивната фантазмагорија се судираат и се кршат едни со други, а тие се обидуваат да ја докажат својата не-стварност: еден работник во поштата е уверен дека ќерка му не патува да се сретне со вереникот во соседниот град, туку засекогаш заминува на некој далечен остров; една кројачка го фрла тукушто прочитаното писмо на сестра си, во кое таа ѝ кажува дека сака да ја види, а оваа жена е уверена дека сестра ѝ ѝ соопштува дека татко им, кој умрел многу години пред тоа, наскоро ќе ја посети; еден студент, додека гледа во книгата пред себе, во мислите ги превртува животните стории на своите колеги и професорите – настани кои тие никогаш не би ни помислиле дека некогаш би можеле да им се случат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кое своето Јас потполно го заменуваат со некое друго Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еден белградски поет имаше обичај да каже за некој од своите колеги: „Можеби е добар, но јас не му верувам.“
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во придружба на својот колега Јусуф беј, исто така, професор по Убави уметности од овој град, пристигна во Сарајот, во кој требаше да живее и да работи, да слика дваесетина дена.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гостите планинари од Белград срдечно беа испратени од своите колеги на железничката станица во Битола.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- За должината на пансионските услуги треба да се договорам и со своите колеги.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немаше проблем да ги види пациентите преку главите на своите колеги.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кратко разговараа и Александар оцени дека ќе има колку – толку помош од својот колега, кој не ја криеше својата среќа дека е во ист тим со Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Оние идиоти сега ќе им јават на своите колеги да бараат дама и кавалер во балски тоалети.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Со никого не се допишуваше. Не читаше весници.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
В канцеларија збор не изустуваше со своите колеги, кои не можеа да решат дали да го наречат „Був“ или „Мечок“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Утре ти е слава, му говореше жената искрено мразејќи го пожарникарот со бели клепки. Ќе викнеш ли некого од своите колеги.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Тогаш Круме Волнаровски неочекувано скокна од фотелјата, го плукна својот колега Андон в лице, го зграпчи со двете раце чаршафот од елипсестата масичка што стоеше меѓу нив, го повлече туркајќи една од чашите, готов да направи скандал, но во мигот се воздржа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На крајот, им кажа дека таа со својот колега, со кола ќе ја испратат Марија на аеродром.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сите агалари се насмевнаа и погледнаа во новите свои колеги Јунуса и Рифата, а кадијата му одговори место аџиите: – Плати го ти, папаз, борчот овдека, ние ќе плаќаме таму.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се претстави како невропсихијатар, задолжен од специјалниот медицински конзилиум да изврши специјалистички преглед на болната мајка на својот колега.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не, тој веројатно не се разликуваше од своите колеги.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Затоа и во прекарот што навидум го красеше неговото име изчезнуваше наперченоста и значењето на она Грофот што требало да крие во себе достоинственост па дури и одмереност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не, не ви го велам ова јас! повторно им се обрати на своите колеги професорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Професорот Седларски понатаму објасни дека ќе се обидел да пренесе одредени поединости забележани во записите на спомнатиот монах иако го споделува ценетото мислење на некои свои колеги дека дури и со поместувањето на обичниот мртов предмет од едно во друго време или од еден во друг простор може да дојде и до промена во толкувањето на веќе презентираните вредности не само за спомнатиот предмет туку и за времето на неговото настанување, за изгледот па и за настанатите промени во неговите особини.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Прилогот што професорот Седларски им го нуди на своите колеги има една и единствена цел, да го запознае ценетиот собир со содржината на спомнатиот Дневник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Глејте го чудакот, им велеше на своите колеги.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Постариот се колеба, гледа во својот колега (што не мисли да се врати), потоа бавно приоѓа.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Младиот Мајстор беше бесен поради претпазливоста на своите колеги, а уште повеќе пред промената што се одигруваше во него. – Не се истрчувај! – му говореше контролорот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
По тој повод ви пренесуваме некои елементарни информации за овој култен режисер кој почина минатата година.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го жртвуваше своето самоконтролирање и зависен е како сѐ уште неродено дете. (...) Ли одлучи да го посети својот колега, Недобриот Џо, кој се навлече на џанк за време на акутниот напад на Бенг-утот во Хонолулу. (Напомена: Бенг-утот е буквално “стенкање при обидот да фукаш...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
За време на студиите на сликарство 1963 год, на Кралскиот колеџ во Лондон, Дерек Џарман заедно со своите колеги беше длабоко трогнат од Бритеновиот филм Воен реквием.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истовремено почнува да истражува во медиумот на филмот, снимајќи ги првите материјали со камера супер-8.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Меѓутоа, и Сарџент не можел да даде конкретни податоци за она што навистина се случувало меѓу политичките и партиските елити на Југославија и Бугарија, бидејќи официјално до британското Министерство за надворешни работи немало доставено никакви информации.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На 5 декември 1944, Антони Идн го испратил овој документ до своите колеги, за запознавање со "македонскиот проблем и со идејата за обединување на Југославија со Бугарија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Французот, со надеж дека ќе издржи, почна на својот колега да му раскажува за доживувањето на некој свој пријател во Антиб.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)