свој (прид.) - маж (имн.)

А сѐ додека не роди, не може да избере младич за свој маж...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие стигаа прободени, никогаш живи; нивните тела составени од мали прстени бакарна прашина којашто јас во мракот на долниот кат воопшто не можев да ја видам; а биле мртви и превртени на грб кога се материјализираа, бидејќи токму во тој момент нашата мачка, и самата темна, невидлива, ќе скокнеше и ги спојуваше шепите околу вистинската душа на бубачките: душа толку статична и снажна, толку бесмртно уредена, чувствував, лежејќи како школка превртена наопачки, терајќи ги мислите, исто онолку мрачна како душата на самиот свет - и токму од тоа прекрасно и застрашувачко чувство што конечно ме обземаше, изигрувајќи господар на моите соништа, се втренчив како да сум просец крај својот маж.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ова мислење од коешто чудно се плашам е мислење на некој бог, навистина се чувствувам така што некако сета би можела да му се предадам, и понатаму да не останував жена, би можела да го средам својот живот за секаде да пронајдам ред и мир; а јас лежам крај својот маж, му ја допирам раката и размислувам за тоа искушение.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А сѐ можеше да биде поинаку.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Шабтај го слушаше цвичењето на пумпата за вода и ѕвечкањето на садовите од доцната вечера што снаа му сега ги домиваше во дворот.  Кога влезе во нивната тесна спална, Рена го слушаше длабокото дишење на својот маж.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Гита Коец едновремено го жалеше (жив ли е? каде ли е? како му е?) и го прекоруваше својот маж и во лепливите летни, и во прозрачните есенски, и во овие пусти зимски солунски мугри што се редеа во нејзините бдеења додека ја исчекуваше завршницата со неговата интернација. Ќе го види ли повторно?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Крај.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Филмската ситуација: жената верува дека нејзиниот маж е убиец, не е така посебна како ситуацијата во книгата: жената открива дека нејзиниот маж е убиец; а ми се чини дека филмот има поголема психолошка вредност од книгата, бидејќи карактерите се подобро изнијансирани. •Хичкок: „Се согласувам, но вистинскиот крај на Сомнеж никогаш не е снимен: Џоан Фонтејн ⥊ пишува писмо на мајка ⥊, во кое ⥊ кажува дека го сака својот маж, но дека чувствува оти тој е убиец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Најпосле, таа си беше со него непрече на ни од кого, си живееше како со свој маж и се насладуваше од својот живот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа загрижено гледа во својот маж, му помага да седне. Тој забрзано дише.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најпосле и неговата сестра Бојана ќе ја почувствува среќата да биде покрај својот маж, покрај својот стопан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога дојде во гратчето, веднаш по Првата светска војна, никој не ѝ обрна внимание, остана во сенката на својот маж уважениот прота.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа пиеше вино, чаша по чаша, со својот маж и го хранеше своето дете, здраво тригодишно дете со костенлива кадрава коса и со темно-кадифени очи, како на мајка му.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тука се запознала и се омажила за бразилскиот дипломат Мартинс Перера Соса.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јасно е дека бракот бил резултат на спогодба, таква со која ќе се задоволат барањата на мајката на невестата, која не сакала да му даде развод на својот маж пред нивната ќерка да се омажи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Следејќи го својот маж на повеќе дипломатски мисии, таа по неколку години живее во Копенхаген и Токио, сѐ до преселувањето во Брисел 1936 година, кога нејзиниот маж е наименуван за амбасадор во Белгија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зошто уметникот се согласил на овој сојуз, кој ги изненадил дури и неговите најблиски пријатели, кога неговиот презир кон бракот бил добро познат?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- Долго таа млада жена се борела сама со себе дали да му каже на својот маж отворено за тоа дека сака да се раздели од него - продолжи Вера, помолчувајќи малку, како за да собере сили.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа тоа не му го кажала на својот маж, но, во нејзината душа започнала да се раѓа една ваква мисла: да го напушти мажот токму поради тоа што многу го сакала и што тој бил многу добар.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Широко насмеана, ќерка му излегуваше од катедралата, држејќи го под рака својот маж.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Надвор ги пречека прекрасен сончев ден.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш ви велев дека секоја жена мора да му угодува на мажот свој и да му биде послушна, оти тој е Божјо чедо, и како што тој е послушен кон Бога и неговите заповеди, така и жената треба да биде послушна кон својот маж и неговите заповеди.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го помилува по образот и му ја стегна раката пред да му се врати на својот маж во средината на семејната фотографија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Камбаните почнаа да чукаат.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ранениците ги стиснаде забите - ништо не е, ги тешеле своите жени само со насмевка, а вдовиците си ги кршеле прстите и оделе од човек до човек; секоја се надевала дека ќе го види познатото лице на својот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На вдовиците и разжалените мајки и сестри што во преѕвездената ноќ можеле да се крстат приврженички на спомени и на сеништа или очајнички без радост или надеж или вера во иднината, им се придружиле со свои тагопојки и оние што клекнувале пред своите престарени мажи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Домаќините Никодин, Светлана и Рада, Ѓорѓе ги затекна на вечера. Рада ледено го пречека својот маж на вратата. Се поздрави со него без гушкање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Светлана беше балансот меѓу Рада и Никодин. Успеа да го омекне тврдиот став на својот маж во врска со поголемата слобода на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На голема Богородица дојде сликар и ги сликаше жените, потпрени на рамото од своите мажи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога мајка му, измачена од суровоста на својот маж, пред време умре, семејството им се растури.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се чинеше дека страда, но во него болката беше мртва.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
43. НА ОРТОМА ТАА ПРОСО СУШИ - а на телевизорот кога цигара се пуши својот маж со своето сврдле го буши: отвори го прозорецот, овој дим ме гуши...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Писмото го изгоре. Не му кажа и на својот маж за него.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ЉУБА: (на својот маж) Не знам, зошто е потребно од сето тоа да се прави некаков кошмарен циркус.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Можеби потоа ќе му помине. (На својот маж.) Ти мене во последно време некако непријатно ме изненадуваш и не ми се допаѓаш, Пол.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Та таа ќе има свој дом, таа ќе има свој маж кој секој ден ќе биде при неа, таа ќе има свое домаќинство, свои маски, волови, овци, кози, свои ниви, амбар со жито, каци со маст, сирење, сланина, та што ли не ќе има!?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се обидувала првин да го убеди својот маж, вујкото на Ервехе, да стори сѐ што може нејзината Ервехе да не ја мажат пред време, да ја испратат да учи во Италија, имаше каде, ако не другаде, тогаш кај нејзиното семејство во Рим.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И мајката на Таткото, од турско потекло, и таа ќе го има „генот на заминувањето”, кој се спротивставува на „антигенот за останување во родното место” на својот маж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Џоен ја потисна желбата да го повика својот маж, во случај да заспал.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Одвреме-навреме Кора Финч го слушаше својот маж како мрмори нешто, таму горе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Брза зашто сонцето се навали над високата плаиина.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се случи она во што никогаш не би можела да поверува, иако секој ден ја стегнува и ја сподавува болка кога слуша како многу мајки и жени ги оплакуваат своите мажи и чеда...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се омажила во дваесет и второто лето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И одново тука, меѓу раздомените, кои со секој ден што одминува ја губат и надежта дека ќе се вратат на своите пепелишта и живеат со своите спомени и секој ден чувствуваат дека нема ништо пострашно од празнината, таа, меѓу овие старици и снеможени мажи, меѓу вдовиците и жените одделени од своите мажи, меѓу жените што секој ден намнисуваат за своите деца што се наоѓаат на фронт или под туѓи поднебја, меѓу постојано расплаканите и разврескани деца, сега се чувствува сосем сама. Сама.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
КЕВА: (Предвреме остарена и свената од тешки напори се да му угоди на својот маж со маченичка ревност која оди, до ропска покорност, сметајќи дека тоа е нејзина должност и нејзина судба. Облечена е сета во сив тон.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Ех“, му рече Јосе, „ако имаше таква кожурка - ниедна жена не ќе го изневереше својот маж и ниеден маж својата жена“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дури кога се сетив да се подзапрашам каде исчезнале сите, слушнав чекори на качување по скали и од вратата зад која исчезна тетка ми по влечките, излезе целото семејство, од најголемиот до најмалиот, предводени од тетка ми, која сепак беше повисока од својот маж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Почекав уште некое време дури не го избројав третото пуштање вода од казанчето, со што пресметав дека тетка ми завршила со должностите, па кога вратата се отвори и се затвори по шести пат, почекав неколку минути и во тишината некако се шмугнав во тоалетот, имајќи ја мислата ако можам да се олеснам и да престанам да го чувствувам товарот на мојот заоблен стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ева разговарала со својот маж, му кажала за нејзината гоелема желба детето да се вика Тома, а овој пак и рекол дека нема ништо против и дека сите во семејствиото ќе бидат горди поради тоа.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)