Таа пак, ах, ќе морам еднаш со неа поподробно да ве запознаам, - таа имаше свој метод на казнување, совршено подруг од оној на татенцето, но по суровост беа мошне блиски.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Госпоѓа Мариела покажа инвенција во примената на својот метод надворешните фактори, што во тој момент ги чувствуваат нејзините ученици, да ги доведе во корелација со содржината на предавањето и притоа да го испитува психолошкото поведение на присутните.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Особено би сакале да нагласиме дека, макар колку и да е нужен и плодоносен нејзиниот потфат, дури и кога, во најдобрата варијанта, би ги совладала сите технички и епистемолошки препреки, сите теолошки и метафизички сопки кои досега ја ограничуваа, една ваква наука за писмото ризикува никогаш да не ја здогледа светлината на денот како таква и под тоа име; никогаш да не може да го дефинира единството на својот проект и на својот предмет; да не може да ја напише расправата за својот метод ниту да ги оцрта меѓите на своето поле.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Можеби трпеливото размислување и строгото испитување на она што сѐ уште провизорно се нарекува писмо, далеку од тоа да останат од оваа страна на науката за писмото или пребрзано да ја “отпишат” од некој опскурантистички разлог, овозможувајќи ѝ, напротив, да го развие својот позитивитет колку што е можно повеќе, можеби тие се талкањето на една мисла верна и внимателна кон светот кој нескротливо доаѓа и кој се најавува во сегашнината, отаде затворањето на знаењето.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)