свој (прид.) - мотив (имн.)

Минувајќи низ Камениот мост од западниот кон источниот дел на градот, во потрага по турските заемки задржани уште во живот, Татко и Камилски се движеа со бавен ритам, за разлика од луѓето со забрзани чекори од обете страни на мостот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Хјум почнал како нео-гео сликар и оттаму неговите „фигуративни“ слики ги задржуваат одликите на неговото апстрактно сликарство коешто своите мотиви ги пронаоѓало во мотивите од секојдневниот живот, како што е, на пример, автоматската влезна врата на аеродром.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тоа, меѓутоа, исто така е свртено спрема поп-културните мотиви, но овојпат рециклирани низ искуството на поп-артот, значи низ нивното „историско пребивање“ во уметноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И Татко и Камилски, секој на свој начин, и според свои мотиви, беа обземени од мистериите на османското време, задржани и скриени, присутни во мирисот и здивот на вековите заборавени во џамиите и вакафите (битолските кадиски записи), во шепотот на водата на шадрваните, во ехото на исчезнатото време во ановите, во звуците на чаршијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)