Со неа ќе ја откријам лирата со која Ахилес им пееше на своите војници; со неа просторите ќе ги заробам во време и како граница меѓу столетијата ќе ја оставам својата надеж во која – сѐ понатаму ќе се пресоздава и множи; со неа јас ќе одминувам и ќе се враќам во ѕвездите; необјаснивите знаци на луњите и на пустошот, низ надежта ќе ги пресоздадам во тајнопис кој како жесток призив: мртвите ќе ги гледа живи – живите мртви а татковината во мртвите ќе чита свое спасоносно писмо. ***
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Посакав да ја оставам неа заклучена зад резето на зборот да чека како жена што чека од печалба и војна од глуви талкања верна на обрачот на љубовта моја и на својата надежда.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Но егзархијата, којашто вие уште од почетокот ја гледавте накриво, ви го попречи патот за емиграција, којашто вие ја експлоатирате уште од 1862 година па досега, по долго и горчливо искуство, ве прапозна кои сте и какви сте; а бугарскиот народ, кого вие го лажевте уште од почетокот на своето ослободување, ги одврати од вас очите откако ги одврати и своите надеж.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Татко ти велеше: "Васј, сè уште не измислиле таков компас што ќе реагира на секој наш грешен збор.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Луѓето ја носеа својата надеж Луѓето ја живееја својата надеж Луѓето ја убиваа својата надеж и гореше во нивните очи твојот свет оган.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ете, тука го наоѓам одговорот на прашањето зошто дед Павел за да излезе од лавиринтот на својата надеж не ја користеше разумноста".
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)