Но, откако веднаш по нивните љубезни одговори на препознатливите разгледници им пратив нови докази на својата наклоност, во вид на густо испишани осум до десет страници, преписката, како по договор, престануваше.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Многу ме бендиса и сакам да биде моја прва анама – и рече и не испушташе момент да не ја искаже својата наклоност кон младото девојче.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во таа смисла, светот на Ботеро е свет на сликичката, на “лубок” и во исто време, тој е толку сложен во својата конструкција; тоа е народен свет затоа што во таа “служба” за која веќе говоревме, народот не го познава лажниот срам, тој отворено говори за сѐ, за своите наклоности, своите желби, своите форми; него не го вежбаат во непотребните чувства, затоа што тоа ќе значеше да се посомневаш во среќата да бидеш она што си.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)