Но затоа, пак, се трудев на секој можен начин да ги надополнам своите недостатоци.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но, сите тие книги исто така раскажуваат на свој начин, и секојпат се зацртува нова глетка, историјата на своето настанување.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Не верувам во постоењето на мојата душа на моите мисли и чувства како причини создадени за да ја пронајдат својата совршеност (тие веќе се совршени такви какви што се, од почетокот на нивното постоење во моето тело, исто така совршено со сите свои недостатоци и маани), зошто на крајот и така се ќе исчезне во апсолутното постоење на ништото.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Дали затоа што имаше убави црти на лицето, што беше мирна, скромна, повлечена во себе, што учеше добро - или затоа што и тој, како неа, имаше некој свој недостаток, некоја маана: при зборувањето, му препињаше зборот: потфаќаше.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
- Е, па, - рече мајка ми – научи да ги прифаќаш на ист начин и своите недостатоци и своите позитивни особини, и едните и другите се – ТИ.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Границите на конструктивизмот Конструктивизмот сепак има свои недостатоци коишто најдобро можат да се воочат на следниве теми: 1) конструктивизмот не може соодветно да го објасни она што поединците ги придвижува разликите врз основа на идентитет да ги сметаат битни за себе 2) конструктивизмот не може да положи сметка за меѓусебното „одговарање” на културните парталчиња и крпеници што движењата и борците ги собираат од културата околу себе, и за дилемите на идентитетот и опциите коишто се чини дека тие парталчиња и крпеници ги овозможуваат 3) накратко, конструктивизмот може да ја Во контекст на германскиот објасни контингенцијата, но не и кохеренцијата; конструктивизмот може да ја објасни социолошката национален идентитет и неговите дистанца, но не и придвижувачката блискост меѓу граници сп. Dan Diner, „Gedaechtnis идеологиите.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Се чини дека сѐ уште не сум напишал, не сум знаел да напишам (притоа сосема искрено мислам на својот недостаток на основно, речиси граматичко знаење): секогаш кога почнувам да пишувам некој нов текст, па и ако е најскромен, присутно е отстапувањето пред непознатото или недостижното, едно поразително чувство на неспретност, неискуство, немоќ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Никој не е идеален.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)