Предлага да вечераат, што побргу да го кладе жешкото Толево лице на своите образи и да му та понамести коските.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се фатив за неговата рака и ја притискав до својот образ како нешто спасоносно, нешто од каде ти доаѓа сигурноста во животот.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој ѝ ја зеде раката и го смести својот образ на неа, и вистинска солза протече по неговата слепоочница и му капна на дланката.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Таа го стави својот образ на зглобот на таа рака и почна да плаче.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
На својот образ ја почувствува топлината на нејзиниот здив, а со носот го почувствува нејзиниот мирис.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Неговиот поглед скита по бавчата и запира врз булката на половина метар од него – не во букет, црвени како во градината, туку издвоен, само еден лилав цвет на афионот.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кучето не дава да се гали по глава, па сепак го потпира својот образ на моето десно колено.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
А господарот, пак, кога на својот образ, иако малку подбрадосан, ја почувствува нежноста на црвеното обравче залепено до него, подзатрепети, остана вчудоневиден.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Ја мазнеше неговата мека козинка со својот образ, чувствувајќи како брзо и преплашено му првка малечкото срце, а потоа леко го сложи на тревата пред себе.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Го принесе до лицето и му ги мазнеше меките влакна од својот образ.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)