В ред, јас сум онаа што ја прогонувате со својата омраза и очекувам еден од вас повторно да ме убие.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Ненадејно, и со оној вид на жесток напор со кој човек ја врти главата по перницата во ноќните мори, Винстон успеа да ја префрли својата омраза од лицето на екранот врз темнокосата девојка зад него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И за сето време мора да ја чува својата омраза заклучана во себе, како некоја топка, материја што е дел од него, а сепак не е во врска со останатиот дел од него, како некоја циста.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Толе го ислуша Ѓорѓија и многу мило му дојде кога слушна дека не е сам во својата омраза спрема беговите и агите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ми рече по недолго молчење, спокојно, не толку да поучи колку да му одговори на човек што е роден во времето кога тој го напишал својот афтобиогравски расказ, дека Макс Левенфелд (и тој со него) живееле во Босна и говореле за Босна: авторот што ќе говори за взаемна омраза на народ што не го познава е негов посветен судија и може да стане, и не сакајќи припадник на своја омраза.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Омразата не може докрај да се разбере, ниту пак можат да се знаат нејзините изворишта, како што и среќата, како што еднаш рече Сара, не може да се дефинира, таа се чувствува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)