Остана неговата тајна како успеваше да остави впечаток дека тој ден нема да направи ништо. А сепак правеше. И тоа редовно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Утредента Лука Карер ја изведуваше својата операција на контрола на времето, на пристанишниот мол.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Често нѐ посетуваше, носеше повеќе слатки отколку што татко ми сметаше дека треба, зборуваше, зборуваше, а на крајот ја почнуваше својата операција за олеснување на ќесето.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Британската претпазливост била причина Американците, во поголемиот дел од војната, да имаат маргинален статус на неискусни партнери.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Непостојан и превртлив, ветрот играше со звуците што доаѓаа од градот, ту го засилуваше, ту го задушуваше разгласот, пародирајќи ја строгоста на германските чекорници што ги пушташе пропагандното одделение на воената команда.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од своја страна, британската разузнавачка служба веќе планирала и изведувала свои операции и планови за заштита и се плашела дека ако работи премногу блиску со неискусните Американци би ја загрозила безбедноста на своите членови во окупирана Европа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)