Сексуалниот импулс беше опасен за Партијата и Партијата го беше претворила во свое оружје.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тогаш, Рада, чувствувајќи дека се дојдени нејзините пет минути, распали со сите свои оружја.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тој тоа го прави додека жонглира истовремено со сите свои оружја: пиштол, ножот, камата, пендрекот, токи-вокито, лисиците...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Основната должност на секој член била кога ќе дојде очекуваниот момент да го опаше своето оружје и да умре, ако треба, за македонската слобода10.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Кога погледна на таа страна го виде поднаредникот како лежи врз раката со која се обиде да го извлече своето оружје.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
„Не, Ханс, тој е пијан.“ „О, он етна свиња“, добродушно се насмеа Германецот враќајќи го револверот во футролата но тој полека од мракот го сврте своето оружје кон него и чу, и виде.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се закриваш само зад своите дланки, зад своето оружје.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Овдека Англо-американците можат да нѐ тепаат со сето свое оружје.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш, едниот го ослободува српот чие сечило блеска на сонцето – неуморниот Косач насекаде го носи своето оружје.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
А, Циничниот филозоф, како приврзаник на кудењето, на борбата гради в гради, како и на дрскоста, го бира своето оружје: стапот... и идиотизмот.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Брзале, мислиш ги чека ан во кој уште од есенски ноќи крцкоти оган и во кој ќе сретнат луѓе што ширум го оделе светот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мнозинството Турци (бидејќи беше петок, целиот град се стече) почнаа да надвладуваат и со своето оружје да им задаваат тешки загуби на селаните, кои, еден по еден, почнаа да се повлекуваат од борбата.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)