Во оние брошури што ги добив во Берзата, на едно место прочитав дека берзијанерите треба да знаат добро да викаат, да цркаат, да надвикуваат секој друг, и да ја знаат пантомимата со своите партнери.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ја скина панделката и им ги раздаде розите на своите партнери.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Моите познаници Мајкл и Кори (хомосексуален пар што стапи во брак во текот на краткиот либерте-егалите период на Вајмарската Република Калифорнија) ми наведоа само некои од правата што им се ускратени со изгласувањето на Осмата седница, односно Пропозиција: Доколку има врска со странски државјанин, хомосексуалецот не може на својот партнер да му обезбеди легален престој во Америка - што на хетеросексуалците им е дозволено доколку стапат во брак.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Ја бранам својата територија и својот партнер.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
А кога треба да ги спарам, секогаш по 5, 6, чорапи ми остануваат без својот партнер.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
На тој начин, ако е потребно, таа ќе може да му каже на својот партнер да не ја земаат таблетата а тој да не се чувствува како кукавица - туку само како опседнат маж како и сите други, сознание со кое е полесно да се живее.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Забележувам дека ако маж и жена се заедно, Херман зборува со жената.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
А токму Бароуз е оној што, заедно со својот партнер Brion Gysin, ја изуми „cut up” методата на ракување со зборови, отсекувајќи параграфи од различни текстови - написи во весници, романи, прирачници за употреба, порнографски сцени - и лепејќи ги потоа заедно по случаен редослед.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Само прашајте го својот партнер во креветот дали неговиот/нејзиниот може вам да ви ги претставува сите свои серијални претци!
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Што се однесува до Џоен, се согласуваат дека таа е заглавена во околината на второто П, со повремени враќања во Бес, или дури и Порекнување, и скокови во Депресија, но без ниту една единствена трошка Прифаќање на претстоечката смрт на својот партнер.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Но Грдан не знаеше ни да игра ни да свири - во играњето никогаш не го погодуваше вистинскиот чекор, па само го газеше својот партнер; а во свирењето не го бидуваше за тапанар, иако тапанот лежеше пред него и требаше само да го допреш со некое од двете стапчиња па да издаде громок звук, ама навреме.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)