Според тоа, сѐ се одвива како она што се нарекува говор да може, во своето потекло и цел, да биде единствено еден момент, суштински, но детерминиран модус, еден феномен, еден аспект, еден вид на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Токму затоа поимот на техниката никогаш нема едноставно да го расветли поимот на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но сега наближува кон она што навистина претставува нејзино губење на здивот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Името Македонец првин се употребуваше од Македонските Словени како географски термин за покажување на своето потекло.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Четвртиот период, во коегзистенција со третиот, своето потекло го води од раните шеесети и е окарактеризиран со „реверзија на херменевтиката, и со речиси метафизички истражувања во преводот и интерпретацијата“; накратко со визија за преведувањето како широко поле во чии рамки спаѓаат и други дисциплини.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тогаш и подоцна сѐ почести беа вестите за тоа дека селаните ноќе чуваат стража за да се бранат од бандите пљачкаши, кои кружеа по селата и ваму-таму ги пресретнуваа џандарите со истрели; дека особено Македонците, кои страдаа и заради учеството во движењето на отпорот, а најмногу заради своето потекло, веќе имаа почнато да се организираат во групи за самоодбрана.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Под дејство на размената и сеопштото меѓудејствување, народите би престанале да живуркаат затворени во своите граници, нациите веќе не би биле одделени планети, различните идиоми веќе не би се вкочанувале во идиотизми, книжевноста би се одвоила од тлото, а делата - стапувајќи меѓусебно во понепосредно заедништво - веќе не би можеле да се класифицираат според своето потекло.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Според сфаќањето на Штраус и Момзен, човекот е заробеник на своето потекло, а неговата самобитност е проста илузија: дури и во најскриените ќошиња на својата внатрешност тој е проникнат од историјата што ја наследил, од јазикот со којшто зборува, од општеството што го породило.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
И тогаш се помири со она што е и во својата верба најде гордост со своето потекло, без притоа да биде повеќе или помалку вреден од браќата свои.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Алберт и јас сме само припадници на една генерација што заминува, тој поважен, јас поневажна, вели Дени, но нашата суштина ќе остане во Clock House.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Снопчиња сино полско цвеќе (им го заборавив името), прилично наконтени за своето потекло, ги дошминкуваат приодите до главните „ѕвезди“: бледите божури, кои ги нарекуваат „полски“, старомодните рози, вечерните јаглики...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кај си можел дотогаш со свои зборови да мислиш, на своето потекло да се сетиш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А зошто Курназ? Секој прекар си има свое потекло, ако не и свое проклетство.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Многумина живееја под витешкиот кодекс и стануваа „копја за изнајмување”.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Терминот free lance*** (слободен стрелец) го влече своето потекло од периодот по крстоносните војни кога голем број витези ги напуштале своите господари.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)