Можно е, пак само претполагајќи, и пак потпирајќи се само на општите историски податоци, зашто конкретни, веќе видовме, нема, дека Солунското кралство односно Латинското, во времето на Бонифациј Монфератски, во 1204 година, кога го завојувало и овој дел на Македонија, со поткуп, со принуда, или на превара претците на денешниве жители на Потковицата ги правело во католичка вера, но по неговото исчезнување од исторската сцена, нивните потомци, во текот на времето, одново се вратиле на православни верски традиции, а како драг спомен на своите претци, и на тие можеби добродетални времиња, ја запазиле и ја честуваат Латинска Црква?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Птиците не ѝ пеат на смртта туку на својата слобода и достоинството, и на честа на своите предци им пеат кои ги научиле на оваа горда песна и на сознанието дека во животот само смртта се мери со честа.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Тогаш јато птици од неговиот род се собираат покрај затвореното пиле и дури колве тоа од отровот - јатото запејува како хор од древната македонска епоха.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Со стишена гордост, но со задоволство бликнато низ искрена радост, долго зборуваше за она што можела да го стекне благодарејќи им на своите предци.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Не е ни најмалку случајно, затоа, што главните артефакти на своето паметење („разнобојните каменчиња, исушеното корен-дрвце слично на детска рака, иконата и неколкуте школки“) и потрагата по своите предци односно по сопствениот идентитет (во Захариј) го бара во Атонската Гора, или што исто таквата, но уште повпечатлива, поттрага, од Рибоокиот, исто ќе ја врзе на други свети места, за Св. Наум, за „една пештерска црква во Киево“, за забитиот манастир во Романија, „негде меѓу Куртеа де Арџеш и Крајова“, за Света Софија или за „една стара црква, во реонот наречен `Фенер`“.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Гледа во каменот: живо писмо! Се мачи да го одгатне огнот заробен во него, да ја препознае душата на својот предок – скриена меѓу буквите, меѓу пластовите на каменот...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Со ревносност, уште од дете, напредуваше во изучувањето на еврејската религија повеќе од сите врсници и сонародници и со слепа доследност ги спроведуваше сите обичаи на своите предци.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Но откако зафати војната, на луѓето умот сѐ повеќе им се сврти кон гробиштата; започнаа да ги оградуваат, да ги чистат гробовите од трње, пиреј, капини, глог, змиорики, повит; зафатија да се натпреваруваат луѓето кој подобро и полично ќе го уреди гробот на својот предок, на своите блиски и роднини; започнаа надгробни споменици од најличен камен и мермер да се прават.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Разделувањето со децата трае долго, најпрво Пелагија ги гушка и рони солзи, по неа Чана ги стиска во својата голема прегратка, мајката Роса како да испраќаше од своите ќерки и липтежот не можеше збор да изусти, потоа другите се туркаа, сакаа макар да ги допрат и така преку тие допири чиниш се надеваат дека и тие ќе стигнат до својот корен, до некој свој предок, роднина.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Од градовите се прибираат селаните за да ги дотераат своите куќи и да приберат здравје во чистиот воздух и студената и бистра вода што тече од планинските извори и за да ги очистат и средат надгробните плочи и камења и на своите предци и најблиски да им запалат свеќа.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Силно се надеваше дека низ овие сиџили, ќе стигне до запретаните гласови на своите предци.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Се разбуди во него надежта, како елитен познавач на арапската старотурска османица, и низ нејзините денес архаични варијанти, да трага по сведоштвата за своите предци по мајкина линија, од Прилеп, за Окијаревци и за сите други.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Идеа Татковите први братучеди, по мајкина линија, потомците на Фетхи-беј Окијар, како и неговиот син Осман Окијар, да си ја видат земјата на своите предци, да си ја заблажат наследената грутка носталгија.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)