Но тактилната и визуелната привлечност на овој уметнички стил не била од голем интерес за Дишан, кој го сместувал во категоријата на уметност создадена првенствено за задоволување на очите, што тој ја нарекувал “ретинална”.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Бјој го набавил својот примерок на некоја од многубројните распродажби.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Укбар, значи, е придодавка, свет во кој, како и во Тотовите производи, книгите од “филозофска природа неизоставно содржат теза и антитеза, строги причини за и против одредена доктрина”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
„Да му се одземе на еден народ човекот кого го слави како најголем меѓу своите синови – не е нешто што човек радо и лесно ќе направи, особено кога и самиот му припаѓа на тој народ”; така почнуваше „Мојсеј и монотеизмот“, и со таа реченица брат ми ја имаше кажано целта на тоа свое дело: да го одземе Мојсеј од својот народ, да докаже дека Мојсеј не е Евреин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Секогаш потоа кога ќе се сетев на разделбата и на раскрварениот прст на брат ми, помислував на неговото дело “Мојсеј и монотеизмот”, кое во ракопис пред заминувањето ни го остави нам, на своите сестри, веројатно плашејќи се да не го изгуби својот примерок од ракописот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Дури кога Марија Мартинс го изнајмила својот примерок на “куферчето” за изложбата на Дишановата “Фонтана”, одржана четири години пред тоа во Менил Колекцијата во Хјустон, потврден е хемискиот состав на “Своеглавиот пејсаж” (дотогаш беше само претпоставуван од страна на Еке Бонк, германски уметник и професор кој бил запознат со делото и во тоа време пишувал книга за него.) okno.mk | Margina #4-5 [1994] 111
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)