Особено би сакале да нагласиме дека, макар колку и да е нужен и плодоносен нејзиниот потфат, дури и кога, во најдобрата варијанта, би ги совладала сите технички и епистемолошки препреки, сите теолошки и метафизички сопки кои досега ја ограничуваа, една ваква наука за писмото ризикува никогаш да не ја здогледа светлината на денот како таква и под тоа име; никогаш да не може да го дефинира единството на својот проект и на својот предмет; да не може да ја напише расправата за својот метод ниту да ги оцрта меѓите на своето поле.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Можеби трпеливото размислување и строгото испитување на она што сѐ уште провизорно се нарекува писмо, далеку од тоа да останат од оваа страна на науката за писмото или пребрзано да ја “отпишат” од некој опскурантистички разлог, овозможувајќи ѝ, напротив, да го развие својот позитивитет колку што е можно повеќе, можеби тие се талкањето на една мисла верна и внимателна кон светот кој нескротливо доаѓа и кој се најавува во сегашнината, отаде затворањето на знаењето.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Нему му беше позната стратегијата на Мирон Донски во која беа вклучени и неговите непогрешливи историчари кои ги ангажираше во своите проекти, вклучувајќи ги тука, во прв план, и сиџилите.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
А кога ги откри битолските кадиски сиџили и кога навлезе во суштината на балканските конверзии, при што му се наложи и темата за јаничарството, тој повеќе немаше физичка сила, а ни време, да го заврши овој свој проект на животот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Вистина е дека Татко на малкумина им го беше доверил својот проект за потрагата по записите од изгубеното отоманско време.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Татко, колкуи да беше среќен што беше примен за судија, толку беше и задоволен што си најде потаен советник, но и заштитник за својот проект.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Нарачката е единствениот начин на кој може да се стимулира финансиски неисплативата уметност на авторите кои доаѓаат во апсурдни ситуации: кога се етаблирани и ценети, а тоа нема никаков финансиски ефект туку напротив, тие постојано вложуваат во своите проекти кои често се поскапи од конвенционалното сликарство, а не се од продажен карактер.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Со карактеристична иронија, Дишан ни ги претставил и играта со зборови и филмот, додека во исто време ја опишува својата сопствена уметничка активност како ништожност - “јас сум оној којшто дише” - и вели дека се откажал од своите проекти (нпр. сликањето и Големото стакло), поради тоа што сето тоа му станало здодевно.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Од таму и смиреноста со којашто Бразилците гледаат врз неуспехот на своите проекти или програми.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој беше свесен, долго размислувајќи, во рамките на својот проект за Историјата низ падовите на империите, дека процесите на чистење на јазиците, како претходница на другите облици на чистење, посебно етничкото, треба да се толкуваат и разберат со сета нивна фаталност и погубност.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За Татко проучувањето на лавиринтите доби посебно значење кога тој беше опседнат од својот проект на животот да ја напише за идните поколенија Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но со најавата и почетоците на падот на Отоманската Османската Империја во XIX и почетоците на векот и создавањето на првите балкански држави нации, оваа балканска полиглосија прогресивно исчезнува прифати Татко, кој се најде во својот елемент, работејќи долго врз својот проект Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Веруваше дека библиотеката на Климент Камилски ќе можеше да му помогне, сепак, да го доврши својот проект.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И кога во еден период Татко конечно согледа дека ќе мора да ја одложи за други времиња работата врз својот проект на животот, пишувањето на книгата Историјата на Балканот Балканот низ падовите на империите, реши да изврши нова значајна реформа во својата библиотека, да го промени распоредот на читањето на книгите, во потрага по нови идеи.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
VI И конечно во еден период Татко согледа дека треба да го напушти својот проект да ја пишува Историјата на Балканот низ падовите на империите, зашто речиси се изгуби во поглавјето за лавиринтот на балканското јаничарство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Оваа верзија постепено ѝ стануваше сѐ подостапна.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Со артикулирањето и извршувањето на оваа алтернативна и преферирана верзија на она што таа е, Еми почна да презема различни чекори во ангажирањето на другите во својот проект на промена.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Реалноста се покажува повеќе како не-ствар-ност отколку како ствар-ност, постојана како расплинувачки облак. (Gilchrist 1995:1) Во подготвителните истражувања за својот проект Гилхрист ги посети лабораторијата за истражување на сонот на Клиничката психологија на Тексашкиот универзитет во Остин и британскиот истражувач Keith Hearne.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Сѐ повеќе научници сметаат дека свеста е единствениот постоечки феномен, а не феномен што треба да се исклучи од сериозните експерименти.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Му беше мачно на идеалите од младоста, на храброста, кога се провлекуваше меѓу урнатините на отоманското царство и темелите на новата република Турција, низ балканските војни и окупацијата од француските сили на родниот крај за време Првата светска војна, за провлекувањето низ фашизмот и спасувањето во комунизмот, да им најде поширока историска и филозофска смисла во доцните години на животот кога требаше да го доврши конечно својот проект на животот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Со години бев обземен од фактот зошто татковата книга Историјата на Балканот низ падот на империите остана незавршена!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)