Ми стана јасно дека, со мојата ноќешна забрзаност, по откривањето, во печатницата, на присвојувањето на Татковите сиџили, јас го бев завел овој сега вознемирен старец кој си имаше, дотогаш, своја логика и свој ритам во животот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Умеел Татко да извлече енергија од источните времиња, да си наложи свој ритам во животот, наспроти мојата европска забрзаност, наспроти мојот ритам кој тешко се усогласуваше со Татковиот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Меѓутоа желбите и односот кон објектот го наметнуваат својот ритам, кој сигурно не е ритам на соматската сексуалност.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Тој му говори на човекот со својот сопствен начин на постоење, со своите структури и своите ритми.“
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
„Ќе пливаме ли?“ – тогаш го слуша татко си.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Секој од нив има свој ритам, свој стил, свој замав во пливањето.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Но, колку е чудна оваа сцена станува јасно дури кога ќе се засилат светлата и ќе престанат плочите.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Како што спласнува музиката, луѓето на платформите почнуваат да скокаат горе-долу засилувајќи го својот ритам така што тоа звучи многу слично на она што трештеше од звучниците цела ноќ. И луѓето долу пак играат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тој го менува својот ритам, нивната форма се менува бргу.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)