Апостолките на нашиот татко во кој се појавил на свечениот чин, што мене ме одушеви уште првиот момент кога го дознав тој ненамерен гест и белиот невестински фустан што Ласа никогаш не го облече.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Како да беа предодредени да патат или тоа им срасна во генот уште како деца додека ги бараа своите родители, браќа, сестри, топлината на домот...
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Лу отиде на Источната 10. улица, Џон Кејл живееше со Нико која штотуку раскина со Ерик, Стерлинг живееше кај својата девојка, а Морин со своите родители на Лонг Ајленд.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Тој на сите луѓе им беше симпатичен и ништо повеќе. (...) До ноември Велветите престанаа да пробуваат во Фектори и престанаа да живеат кај Стенли.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Еден ден враќајќи се од куќата на своите родители, Рашела донесе жолта шестокрака ѕвезда.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Не можев да бидам момче за своите родители, а тие никогаш јасно не ми кажале, што друго, освен тоа, би сакале да бидам.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Нивните деца најчесто ќе ги забележите во дел од скопската шема како снопчиња кои ги лесно ги трошат „тешко спечалените пари” од своите родители.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Татко му бил познат трговец на текстилна стока, а мајка му - мошне културна и интелигентна домаќинка.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Роден е на 9 јануари 1914 год., во Охрид како дванаесетто и последно дете на своите родители Климе и Аспасија.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ги гледаше своите родители седнати во собата крај огнот, занемени, со скрстени раце, со црни мисли и тешки грижи.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бојан долго не заспа. Веќе ја доживуваше во мислите претстојната средба со своите родители, веќе се замислуваше повторно во родителскиот дом, во училиштето, меѓу другарите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Повесна и потресна е сликата од престојот на Христов на Балканот како дописник кога е толку блиску до неговото родно село Кономлади, на патот од Солун до Албанија со такси автомобил, кога гори од желба да се врати во селото и да го посети својот ”мошне сакан” татко; но носен од сознанието дека би можел да му наштети на својот родител од страна на грчката окупаторска власт, тој заминува со надрочени солзи во очите по патот преку границата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Тој ќе биде како имитатор на некои случувања, обичен преносител на информации, фотокопирајќи го образецот на живеењето на своите родители или на луѓето од неговата непосредна близина.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога се решила сосема да се врати во домот на своите родители скоро и физички заболела и долго не можела да се поврати.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Неколку пати дури и одела по десетина дена да седи кај своите родители и пак се враќала кај него.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Има мигови кога и најслатките нешта горчат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Едно дете се одвои од своите родители, ми пријде, касна половина од чоколадното бонбонче што го држеше в рака, а другата половина ми ја подаде мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Парите потребни за егзистенција ги набавувал преку позајмица од своите родители и блиски пријатели.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
ЛУКОВ: (Незадоволен од одговорот на Младичот.) Уште нешто: влегувајќи овде, Вие сте обврзани да го заборавите Вашето име, местото каде што сте се родиле, своите родители и блиски...
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Рада ги мереше зборовите на своите родители.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Прости ми, татко! Прости ми, мајко! Ако нешто сум ви згрешила. - нежно им ги целиваше рацете на своите родители. - Простено нека ти е чедо и од нас и од бога!
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Мартин веќе десет години живееше во Германија и секој месец во форма на девизен чек великодушно го помагаше неговиот помал брат и своите родители.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Ја отвори вратата од трособниот стан што го делеше со своите родители.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Тоа го потсети Александар на црната мачка која една августовска ноќ мирно го гледаше со своите зелени очи кои светкаа во темницата, таа беше качена на кантата за ѓубре зад зградата каде што тој живееше со своите родители и од таа позиција зрачеше со некој вид на достоинство на средновековен владетел.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Нејзината непопустливост го принуди да се предаде.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но, не беше во право: таа се вратила кај своите родители и таму Сатурн ја побара, решен да ја врати по секоја цена.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Кога си полнолетен, стануваш свој родител.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Според оваа концепција, јазиците имале свои родители, така што во таа смисла може да се зборува, за јазик мајка, за јазици сестри, за јазици роднини?
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А еве што било напишано во врска со настанот во еден угледен лондонски неделник: Харолд (името на детето), кој живее со своите родители близу Лондон, по една сериозна повреда, целосно го изгубил сеќавањето и моќта да зборува во период подолг од еден месец.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Кога се поместија куферите од чезата, преполни со книги, широко се отворија и од нив излегоа многу книги, едни велеа дека го поарчил времето за книгите, времето во гурбет, други велеа оти нешто му се заматило во умот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко се сети на своето враќање од Цариград во родниот град во 20. години од XX век во Поградец, со два големи куфери, пречекан од своите родители, браќа и сестри, блиски роднини, комшии.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Најмало дете на своите родители, Томаица беше растена и чувана како капка вода на дланка, како да беше мала принцеза.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И тоа со причина, зашто одвај минуваше една недела во која „Тајмс“ не објавуваше по некоја вест во која се опишуваше како некој мал прислушкувач - „дете херој“ беше фразата што обично се употребуваше - наслушнал некоја компромитирачка забелешка и ги пријавило своите родители на Полицијата на мислите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Впрочем, таа ни сега не би им дала за право на своите родители кога би биле живи, иако кога е во прашање Борко, може да се рече дека стварноста ја удри од земја.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Тој истовремено беше свесен дека им помогна на своите родители така да постапат кон Марија и кон неговото дете.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кога и самиот Хелвиг сфаќаше дека има отпор кон своите родители.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- Таа си има свои родители... своја земја.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
И како можеше неа да ја засака, ако е веќе сличен на своите родители?
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не знаеше зошто, но ѝ се наметна претпоставката дека за ова прашање ќе се советува со своите родители. Дома.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Кај своите родители...
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Не помина многу време до денот кога Хелвиг накусо им кажа на своите родители за новата жена.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Многу често, кога се враќаше од работа, навраќаше на долниот кат. Кај своите родители.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Со свој јазик им го објаснуваше на своите селани во кои спаѓаше и Анѓа со своите родители.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Еден ден, малата Андреа Фелдман оставила порака во станот во кој живеела со своите родители.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Ако пак е дојден тој слепиот саат, шо велат, јас од него не бегам; токо, пак воа го вела овде, пред вас, како пред свои родители: шо имаме да си кажеме напред, да не речеме утре, ни он, ни јас, оти сме се излагале.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Некои од тие што остануваат да му слугуваат на манастирот, радосни се што ја гледаат оваа убавина надополнета со луѓето, со панаѓурот, а некои се стискаат за своите родители, не се делат од нив, плачат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Своите разни деца ги испратија низ колеџ, своите родители низ нивните последни денови, своите професионални кариери ги доведоа преку задоволителни врвови до едно плато, а потоа на прифатливо благи падини и/или до пензија, како и своите тела со високи перформанси и бројните задоволени барања.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Момчето тргна пред своите родители.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Децата досмрзнаа зашто често имаа слушано за некој Луман арамија како плени по Битолско и често ги гледаа своите родители како уплашено велат: „Само да не мине одовде планина.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
„По ова се гледа дека ти никаква љубов немаш кон татко ни како свој родител!“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Бојс „долго време бил врзан за областа на долна Рајна и Клеве“, и за некои од тамошните луѓе кои ги сметал за „модели“ и кои без сомнение ја компензирале неговата дистанцираност од родителите, посебно од неговиот оддалечен татко.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
По завршувањето на војната тој се враќа таму и го обновува односот со своите родители кој, како што и тој самиот вели, “не би можело да се окарактеризира како посебно близок.”
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Пијаното без сомневање било софистициран симбол на Бојсовото лично сопство, бидејќи ја претставува неговата грандиозност и одалеченост и сугерира дека, детинесто, несвесно се идентификува со големината и одалеченоста на своите родители.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Болестите се секогаш духовни кризи во животот, во кои старите искуства и фази се отфрлуваат за да се овозможат позитивни промени.”
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Другата, „Kleve warme Ausstellung“(Клевската топла изложба), беше одржана 1946 година кога Бојс конечно се одлучи да стане уметник, а не научник. Клеве е родното место на Бојс.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Користејќи го таквиот хаос и аморфност за “свесно да го затопли студениот, успиен облик од минатото, општествената конвенција”, на пример концертното пијано, Бојс го вратил во формативниот период и ја ослободил топлината што била кристализирана во него, откривајќи во него нов живот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Неговите судови се, разбирливо, честопати нагласено претерани и еднострани (прашање е дали младината навистина така сама од себе разбира дека составен дел на културните пораки се и претерувањето и шокантноста), а и покрај тоа бројните податоци што ги наведува се мошне важни за расправата за ефектите на популарната култура: “Според податоците на ревијата American Demograph- ics, помладите возрасни се полиберални од своите родители - вклучувајќи ги и припадниците на бејби-боом генерацијата, од којашто произлегува поголемиот дел од денешните новинари на централните медии.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Помладите возрасни поретко ќе поддржат забрана на книги во јавни библиотеки или отпуштање на професори затоа што се хомосексуалци.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Почесто ќе бидат на мислење дека женското движење имало “добро влијание на државата”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Треба да се потрудите да ги сфатите своите родители.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
СТАРИ И МЛАДИ НЕ ЗНАМ колку ги слушате и колку ги почитувате своите родители, но можам да речам: прекрасно е ако ги слушате, ако ги почитувате, грдо е ако не ги почитувате, ако не ги слушате.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Понекогаш му се јавува и од Лаврион, кога е во посета на своите родители.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Самиот јавен чин, во суштина хуманистички, враќање на деца кај своите родители, малку фалеше да се претвори во меѓудржавен инцидент.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Можеби беше навикнат од своите родители на секоја негова лоша постапка да си добива простуваање со големо П. Но тоа не бев јас.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
За жал, Стомачето секогаш го користеше присуството на своите родители за да ме става во незгодни ситуации и да добива од мене тоа што ќе посака.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Ниту пак сакаше лично да ги извести своите родители.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Во тоа време групата на Мерџанов заминала за Бугарија, а гемиџиите се прибрале во Велес при своите родители.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
„Но - пишува Шатев - попаднати во туѓа средина, без никакви средства за живот, тие видоа дека не така лесно се прави конспирација и се прибираа при своите родители“47.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Нивниот изговор дека во Солун се дојдени за да безделничат и да ги трошат парите на своите родители уживајќи, не бил доволно убедлив.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Сите мои другарки одвреме-навреме се поплакуваат на своите родители, само јас не.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ајде кажи, нормално ли е тоа?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)