Во тие разговори Еванс настојувал на своите соговорници да им објасни дека неговото присуство немало никаква политичка позадина и дека неговата работа е чисто воена.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Но Сајм веднаш го забележа отсуството на ентузијазам кај својот соговорник.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Камилски за миг престана да зборува, започна да пребарува во своето куферче, како волшебник пред својата точка кој требаше да го маѓепса својот соговорник, извади една мала книга со кафени броширани корици, на краевите излитени, бездруго од староста и преголемата употреба.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Пријателот се доверувал нешто во врска со жена си додека некој зад нив, несвесно, тропал со лиска клучеви внимателно вслушан во својот соговорник на соседната маса.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
- Томо само ги повтори зборовите на својот соговорник од другата страна на телефонската линија. - Каде? Кога?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Со ѓезве кафе во едната рака и слушалката во другата средовечниот капетан само го слушаше својот соговорник.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Наместо да укажуваат на келтското потекло на населението кое Германија го присвоила, наместо да се впуштаат во филолошки или етнографски натпревари, на своите соговорници тие веднаш им допуштаат дека Алзас е германски според јазикот и расата.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Беше извонредно убедлив и им влијаеше на своите соговорници...“
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Меѓутоа, доктор Миха беше не само по изречениот туку и по напишаниот збор - не беше само мераклија за муабети, за разговори во кои тој зборуваше повеќе од секој свој соговорник, заради што неговите колеги од работа злобно го озборуваа дека страда од логореја; не само да чита, од дневни и неделни весници преку стручни списанија до најнова убава литература, туку и да пишува (сѐ и сешто, ќе видиме што?), поради што скрупулозните критизери го нарекуваа скрибоман.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
-Ако си добар со сомнежот, тој ќе биде мирен, нема да ти напакости, нема да ти стои на патот кон твојата цел! – се смешкаше старецот, под мустаќ, бидејќи го надитри својот соговорник.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)