Крстот на времето Зашто од невидливото ги цртав своите сознанија сиот мој порив беше да се пресоздадам во збор.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И никој уште не знае што побрзо престанува: светлината или пак - зборот...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Што има јас да се сеќавам на своите сознанија, да ги преточувам во зборови, да ги паметам тие аксиоми, да сакам да ги проширувам, образлагам...
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Наместо како Петар сувопарно да поучува и да критикува (ако воопшто тие две писма и ги напишал самиот!), тој сосема отворено зборуваше за себе, за својот живот, за своите заблуди, за своите сознанија.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Како уредник ги корегираше колумните и ги надополнуваше со свои сознанија, инаку многу драгоцени зашто има поголем стаж на живеењево СФРЈ од мене.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Што се однесува до извршителите на атентатот, јас не можат да го избришам своето сознание дека тие, носејќи бомби, знаеле дека одат во смрт.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Имаше и една ведрина во своето сознание што нараснуваше со секој миг, додека мислеше на нешто сосема друго.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Профим му ги кажуваше своите сознанија до кои дошол проучувајќи ги небесните знаци, а Полин за скриената моќ што ја имаат тревките и растенијата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
О, јас најдобро знам колку сеќавањата умеат да не измамат! ) Тоа утро покрај Пребег ме заскокотка отвореноста со која Иван застапуваше некои од своите сознанија и претпоставки.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислам дека во еден момент и отворено загатна оти токму конечното заминување на мајка му ја нагласувала потребата да биде уште поупорен во потрагата по таткото.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
4 Георги Старделов го формулира своето сознание начинот на кажувањето на Чннго, посочувајќи ни еден целосен паралелизам со народното творештво: „Првиот впечаток со кој се доживува прозата на Живко Чинго се наметнува низ сознанието со кое си го претставуваме нашиот модерен раскажувач низ ликата на нашиот мудар и ингениозен народен раскажувач...“
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Во виденијата што на ваков начин нѝ се нудат спаѓаат и непротолкуваните остатоци и заскитаните скаменети форми од дишењето на нашите претци, какви што белези среќаваме отпечатено на карпите па дури и на некои камења од оградите на нашите старински дворови во кои ги препознаваме белезите од дамнешното дишење на морето, ги прошируваше забелешките во врска со своите сознанија почитуваниот Седларски.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)