Реката бучи долу Папањ и ги напива ливадите со студена планинска вода, додека овчарите ги прибрале своите стада еден крај друг поблизу, да можат да си помогнат и ги фатат дојниците да намолзат млеко, та и тие да го прават Велигден в планина.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Неа ја знаат овчарите и по неа ги скориваат своите стада; неа ја знаат орачите и по неа ги спрегнуваат своите ѕевгари; неа ја знаат жетварите и по неа ставаат да ги зафатат долгите опашки на ушите подолгите слогови.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Тоа е борбата на Ѓурчин со еден одметник - јаничар, кој вршел зулуми меѓу народот од Солунскиот крај, каде што Ѓурчин одел на зимување со своето стадо. Јаничарот се викал Алија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Во полето, горе по ридиштата, останаа само овчарите, со своите стада и кавали.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И додека стоеше така нерешителен и збунет - над него се разнесе, и уште повеќе го зашемети, избезумен пискот на малото овчарче, кое си го пасеше во близината своето стадо: - Јанка, бегај, бегај!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не, тие никогаш не биле среќни во Солун. Ни таа, ниту пак тој. Иако тој тоа никогаш не го признаваше.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа не сакаше да се залажува: тие никогаш не го прифатија својот ашкенаски рабин, а ниту Цви некогаш се потруди подлабоко да се зближи со духот на своето стадо.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И потоа ова мистериозно исчезнување на Чанга во тврдината со своето стадо кози, зар тоа не личи на крајот на една сказна.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Тогаш овчарите ги потерувале на пасење своите стада овци, бели како снег.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Овчарот го скротна своето стадо кон сенките губејќи се заедно со стивнувањето на распеаните ѕвонци од овците.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)