Подоцна тука блиску се заселило селото Дуње и почнало да ја пушта својата стока во ова пасиште, кое Полчивци го чувале за зимовиште, бидејќи летна паша имале во големата планина.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
На Дунчани им беше пред нос, на Полчивци пет шест сати далеку од селото, но си имаа тапија за него и не сакаа да му го отстапат.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Своите накити ги нудеа без довикување а муштериите ги пречекуваа молкум, се однесуваа така како да им е сеедно дали ќе продадат нешто од својата стока.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Нормално, ја нуди својата стока за продавање.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Сега по должината на пругата отвориле повеќе станици преку кои населението од разни места ги транспортирало своите стоки.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во исчекување на муштерии, тие стоеја пред дуќаните и потфрлуваа бесмислени шеги еден кон друг но веднаш се менеа штом ќе се појавеше купувач; се веднеа пред него и љубезно се насмевнуваа, ја фалеа својата стока.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Лошите момци не ја носат својата стока кај нас, но тоа го прават нивните муштерии.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Имаме широка мрежа на информатори; мали дилери, големи дилери, производители.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Попладне одеше по куќите и таму ја нудеше својата стока, а благодарејќи на авторитетот што како сиромашен но чесен човек во општината го уживаше татко му, Јаков со своите производи ги снабдуваше и битолските синагоги и некои од еврејските здруженија.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во неделите и на празници во Брезница доаѓаа проматари кои распростираа пластични фолии каде било на сред село и на него ја изложуваа сета своја стока што ја нудеа за продажба, Брчалото тоа не можеше да го поднесе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Зар да не ја посети пријателката Маре кога дозна за наводите што го обвинуваа татко ѝ Чардаклија дека му помогнал на воениот богаташ Баручиев да засолни кај него дел од својата стока?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)