- Ќе му ја засечам жилата на челото. Онаа, меѓу очите. Во таа жила 'ртат црни соништа.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Квечерина над градот Ветарот змиулесто се влечеше, вртејќи се околу нив, полн со своето клопче змии, стерелечки настроени да се проврат во нечија пазува, каде што би го разлеале својот студ.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Зачекорил, застанал. Во мрморењето на луѓето можела да се чуе споулавеноста на стравот дека во ваква ноќ, трескава од свој студ, водата се дави во замрзнатите мочуришта и дека земјата, за да не се распука од глад, им ги џвака заспаните жилички на тревите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)