Но фронтот не се местеше. Се зацврстиле едните, се зацврстиле другите, и никој своите тврдини не ги напушта.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И така, Татко, како вистински балкански Дон Кихот, во тешките времиња, почна да ја освојува својата тврдина од хартија, со невиден занес, во зенитот на својата ментална енергија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сѐ падна во заборав. Времето си ја извишува својата тврдина. Човечкото време ја уриваше.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Сонцето лежело по нивните чела и ги прегрејувало. Едно тајно делче на свеста не ѝ се предавало на ракијата; демнело од бедемите на својата тврдина како проколнат стрелец што сепак им е заштитник на заспаните.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Веднаш се исправиле неколцина, меѓу првите и Онисифор Мечкојад, и му предложиле на челникот да ги определи стражарските места.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Добро. Ако треба и со тоа животно ќе се зграпчиме за гуша.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Неговите потиснати мисли биле далечни еха на тие зборови но со поинакво значење; го предупредувале да го предвиди и најмалото зло што можело да ги демне од своја тврдина.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И сите, некои сосила ѝ се тргале на дремката, чувствувале како да пуштаат од олтар на своја тврдина гулаб на надеж кон светлост пламната од нивната здруженост што раснела од сфаќањата и неслогите на она проклетство за кое им говорел можеби некој од умрените или загинатите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Тие суштествувале во сите времиња, биле време во времињата што минувале низ нивната несовладивост; миговите не можеле да им ги начнат срцата - пијат и вечни се, не познаваат недоверливост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беше во својата тврдина од бетон опкружен на стотина метри од израелските блиндирани коли кои го следеа секое движење на претседателот на заробената држава Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Остана во својата Муката (Рамалах) во последниот лавиринт од кој не можеше всушност жив да најде излез...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Што можеме? Татко ми остануваше повлечен во својата тврдина на размислувањата, крај своите неми книги, но сега и тие без одговор, со исцрпени значења.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)