Кажи, не можам да не прашам, и ние ли, Македонците, ќе имаме свој тунел? и колкав ќе е тој?“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Секој народ, и најмалиот, ќе има свој тунел.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Така Камилски во последните денови од престојот во хотелот, во својата соба 17, имаше свој тунел меѓу своите книги кој му овозможуваше да преживее нормално до крајот од својот престој во хотелот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)