свој (прид.) - удел (имн.)

И ете ти, јас работев, се обидував да го дадам својот удел...
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секој човек си го има своето место, својот удел во изградувањето на општочовечката среќа.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Макар што и јас како писател би требало да се искажам, конечно го пре­мол­чувам својот удел.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Најризична за театарот е групата во која спаѓаат актери кои свесно го избегнуваат својот удел во актерската игра.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сепак, во донесувањето на одлуката свој удел имаше и она веќе познато стружење на влечките на мајката на месарот, а тој познат шум во моментот доаѓаше од приземјето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Изгледа беше поминала покрај мене без да ја забележам. Дури и без да ми се јави.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајка ме погледна и тивко ми рече, на јазикот кој му беше непознат на лекарот: – Што бара магарево од мене? – Што вели госпоѓата, тоа може да биде значајно за дијагнозата? – Вели оти е време да ја оставите на мира! – Мене ме определија од медицинскиот конзилиум да го дадам својот удел во дијагнозата, за да се пристапи кон што поуспешно лекување на пациентот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во честата потрага по таа вистина на животот – Татко и Мајка си имаа свој удел во стратегијата на спасувањето на семејството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И во таа непредвидлива, долга и тешка битка, секој си имаше свој удел во спасувањето на семејството. Едниот удел не можеше да се замисли без другиот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)