Но и колку да добивала пофалници и награди за своето учење, за своите петки, сепак тоа не ја радувало нејзината пречувствителна и растреперена душа.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
— Во нив Хегел ги разви своите учења, својот поглед на светот и општеството, не оставајќи во претераната совесност ни една област да не ја подложи и нeа на своето филозофско испитување и толкување.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Во специфичниот контекс на своето учење, употребата на билките Datura inoxia и печурката Psilocybe mexicana, дон Хуан ја доведуваше во врска со стекнување на моќ што ја нарекуваше “сојузник”.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Веќе по Тинторетовата смрт (но пред Греко!) се појавува Кеплеровата Astronomia Nova, каде што Кеплер (1571-1630) го формулира своето учење: патот на планетите не е кружен туку елиптичен.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
И пошироко, тој бил рожба на едно време, кога анархизмот во Европа бил во “мода“ и се обидувал даја докаже исправноста на своето учење.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Во новонастанатите општествени спротивности Хегел не ги забележува нужните услови за понатамошниот дијалектички развој на општеството, туку противречувајќи си наполно на своето учење за сеопштото движење и незадржливиот развој, најдобриот општествен поредок го наоѓа во статичната пруска монархија, во која, според него, нема спротивности, па спрема тоа ни услови за развој во понатамошен, повисок општествен облик.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)